Адам Лабунски го покажа мускулестото тело на плажа - ужива на семејно летување, си игра со ќеркичката во песокот
- Детали
- среда, 02 јули 2025
„На летување со мама и тато“, напиша пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ на Инстаграм и сподели фотки со 7-месечната ќеркичка.

Пејачот Адам Лабунски и неговата сопруга Јелена пред 7 месеци станаа родители на ќеркичката Хана, а сега ја одведоа на летување.
Тие се на црногорското приморје, каде што Адам оди скоро секоја година, а во минатото имаше и настапи во тамошните клубови.
И пејачот (кој стана познат во целиот регион по настапот во „Ѕвездите на Гранд“) и неговата сопруга објавија фотографии од летувањето, во кое, се чини, освен нив, ужива и малата Хана.
„На летување со мама и тато“, напиша Адам на Инстаграм.
Тој покажа и како си игра со ќеркичката во песокот на плажа, но и во Јадранско Море, а на фотките, освен Хана, се забележува и неговото мускулесто тело и бројните тетоважи.
Погледнете повеќе фотографии од семејниот одмор:









А. Ј. | Црнобело
