Христина Пан со тропска забава им прослави роденден на ќерките близначки во двор во Слепче, откако малата Тара се избори со ракот
- Детали
- понеделник, 14 јули 2025
Со тропска тематика во дворот во куќата на нејзините родители во Слепче, Демир Хисар, Христина со сопругот Петар и трите ќерки славеше роденден, но и голема победа. Семејството по две години борба на малата Тара, ја остава зад себе битката со дијагнозата Neuroblastoma Metastaticum и конечно близначките и новородената Калија ќе бидат сите заедно постојано, без одделување поради болници и терапии.

Христина Младенов, позната ако Христина Пан на Инстаграм, е мајка на три девојчиња, близначките Тара и Хана и помалата Калија. И по сите тешки мигови семејството е заедно со забава по преубав повод - третиот роденден на близначките.
Инаку, Христина и нејзиниот сопруг Петар, откако поминаа неколку години во борба со неплодноста во јули 2022-ра ги добија близначките Тара и Хана, но брзо пред првиот роденден на девојчињата дознаа дека Тара е болна и дека мора да прима хемотерапија.

На Тара ѝ беше дијагностицирано рак, односно Neuroblastoma Metastaticum, поради што се лекуваше во Скопје, во Љубљана и Истанбул.
По цели две години борба со болеста, Тара неодамна заѕвони на победничкото ѕвонче на Детската клиника во Скопје, како симболична порака дека ја победила болеста.
Сега, Христина со саканиот Петар на близначките им го прослави третиот роденден во двор од семејната куќа на Христина во селото Слепче.
Слепче е село кое се наоѓа на два километри западно од Демир Хисар, на надморска височина околу 680–765 метри и има население од околу 555 жители.

Со стајлинзи во двор, забава во зеленило и многу, многу балони, среќното семејство ги мина своите најубави мигови заедно.

Христина објави фотографии од роденденот на Инстаграм:






С. С. | Црнобело
