Борче Стаменов, нашиот херој од реалноста - испрати две семејства на одмор, кои го немаа видено ни Охрид, ни Дојран

Браво! Кога има хумани луѓе, тогаш има насмевки на лицата и на оние во најзагрозена ситуација, „Ете другари, стотче по стотче, испративме две семејства да се разладат некаде по Македонијава“, откри Борче. Сега, две семејства во ек на сезона ќе одмораат, благодарение на хуманоста на Борче „Донирај комјутер“, но и на Македонците. 

borche-stamenov-nashiot-heroj-od-realnosta-isprati-dve-semejstva-na-odmor-go-nemaa-videno-ni-ohrid-ni-dojran-01.jpg

Борче Стаменов од Кавадарци е човек кој со својата хуманост и иницијативата „Донирај комјутер“ ја освои Македонија. Но, тој не сопира и продолжува со хуманите дела - овојпат од донираните средства одвои за да испрати две семејства на одмор преку организацијата „Куќа на среќата“.

borche-stamenov-nashiot-heroj-od-realnosta-isprati-dve-semejstva-na-odmor-go-nemaa-videno-ni-ohrid-ni-dojran-03.jpg

Инаку, тој организира собирање и рециклирање на употребена ИТ‑опрема, која се пренасочува кај социјално загрозени семејства.

Акцијата почнала скромно со еден компјутер, кога една мајка му се обратила барајќи уред за нејзиното дете и прерасна во национален проект на кој сме горди.

borche-stamenov-nashiot-heroj-od-realnosta-isprati-dve-semejstva-na-odmor-go-nemaa-videno-ni-ohrid-ni-dojran-04.jpg

Досега се донирани илјадници компјутери и усреќени се илјадници деца.

Куќа на среќата“, пак, е иницијатива наменета за хуманитарна и социјална поддршка на семејства и деца во социјален ризик, особено во ситуации каде што се соочуваат со животни предизвици како сиромаштија, болести, загуби или недостаток на стабилно домување.

Сега, целта е што повеќе социјално загрозени семејства да бидат испратени на одмор, од кои многумина и за првпат во животот.

Од организацијата „Куќа на среќата, за потегот на Борче, споделуваат:

„Ова е таа хуманост, ова е таа емпатија, ова е тоа големо срце.

Нема зборови на благодарност, како што семејствата кои ќе ги пратиме на одмор се благодарни и дури ова не им се верува.

Ова е остварување на еден сон, една среќа за едни дечиња, една среќа за едно семејство кое, иако живеат во Македонија никогаш не го виделе Охрид, никогаш не го виделе Дојран, никогаш не биле на езеро, никогаш не биле на одмор.

Не зашто не сакале, туку зашто не можеле и не можат.

Донирај Компјутер - Борче Стаменов не е институција, не е компанија, но откако го видоа повикот до компаниите веднаш се пријавија и покажаа како и досега дека се многу повеќе и од институција, многу повеќе и од многу компании, покажаа колку големо срце имаат и дека најважна им е среќата на дечињата, среќата на две семејства кои ќе ги испратиме на одмор, семејства на кои ќе им го платиме сместувањето.

Две семејства ќе бидат пратени на одмор во сезона, две семејства ќе се радуваат благодарејќи на сите кои ги подржувате акциите на Донирај Компјутер - Борче Стаменов и верувате во нив, а ние од срце им благодариме и на нивната доверба.

Вака се гради едно хумано општество, вака се прават промени, вака споделува среќа.

Нека Донирај Комјутер ви биде пример и предизвик на сите останати, прифатете го предизвикот и донирајте одмор за едно семејство“.

borche-stamenov-nashiot-heroj-od-realnosta-isprati-dve-semejstva-na-odmor-go-nemaa-videno-ni-ohrid-ni-dojran-02.jpg

Борче напиша:

„Шо праевме денес?

Па, не испративме ниту еден компјутер. Ама затоа испративме две семејства од социјален ризик на летен одмор.

Како тоа прашувате?

Па, проверив сметка и си помислив: Донка е сервисирана, платено ми е сè заклучно со денес, ссд дискови ќе ни купат неколку лица, ќе купиме и ние оти и тоа ми е влезено у есап.

Плус ми текна дека А1 ќе ни префрли пари кои сите вие ги дониравте преку бројот кој ни беше доделен.

Пред некое време на профилот на Куќа на Среќата, видов дека имаат отворен повик за компании и лица кои сакаат да донираат одреден износ и после они испраќаат семејства на летен одмор.

Се пресметав и видов дека имаме доволно за да испратиме две семејства.

Најдов сметка кај нив на профил, префрлив износ и тоа беше тоа.

Зошто ви го кажувам ова? За фалење сигурно не.

Ви го кажувам за да знаете како ги користиме средствата кои ни пристигаат на сметка.

Ако сте повеќе заинтересирани за ова, трк на нивниот профил каде сè е убаво објаснето.

А јас? Ја веќе не ни морам да ви кажам дека додека го пишував ова купиште „прашина“ ми влезе у око.

Ете другари, стотче по стотче, оп испративме две семејства да се разладат некаде по Македонијава“.

Прочитајте и Борче Стаменов за операцијата од тумор на мозокот пред 19 години: „Ме спаси цел тим доктори кои повеќе од 8 часа ми 'копаа' по главата“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Моќна порака од наш психолог: „Мислиме среќа е Малдиви и нов автомобил - Среќа е: ‘Не е малигно / Ма... Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан“, „Ќе одиме на ...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
На одмор со Ксенија Николова: „Со сопругот го посетивме Кипар за првпат - 2 лежалки и чадор беа 7 ев... „Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целос...

Најчитани неделава