„Мајка ми почина, по погребот јас морав да се појавам во емисијa“ - Димитар Атанасовски за најтешкиот дел од водителската професија

„Мајка ми почина, а дента јас отидов на емисија од 14 до 16 часот. Погребот беше тој ден до 12, а јас во 14 отидов во емисија...“, открива Димитар за најтешкиот ден во неговата кариера во радио.

dimitar-atanasovski-za-najteshkiot-del-od-voditelskata-profesija-majka-mi-pochina-po-pogrebot-jas-morav-da-se-pojavam-vo-emisij-01.jpg

Димитар Атанасовски по цели 15 години поминати во „Сити радио“ на 30-ти април последен пат ја водеше својата емисија „Кажи да во 2“ и стави крај на својата водителска кариера во радио.

Сега, во гостување кај Здравкица Милиќ во емисијата „Животна приказна“ тој проговори искрено како дошол до оваа одлука, но и кои се најтешките аспекти на оваа работа.

dimitar-atanasovski-za-najteshkiot-del-od-voditelskata-profesija-majka-mi-pochina-po-pogrebot-jas-morav-da-se-pojavam-vo-emisij-03.jpg

Проговори и за најтешкиот миг во неговиот живот кога починала мајка му, а кога потоа морал да се појави на емисија.

Неговата исповед гласи:

„Мајка ми почина, а дента јас отидов на емисија од 14 до 16 часот. Погребот беше тој ден до 12, а јас во 14 отидов во емисија, затоа што народот не го интересира дали ти имаш убави моменти или лоши моменти во животот, туку едноставно ти си таму за да забавуваш.

Ти си таму за да го привлечеш вниманието, ти си таму на тој човек да му направиш да му е интересно денес, а не обратно, не да му ја исцицаш ти енергијата на него денес.

И сфатив дека терминот којшто го имам од 14 до 16, практично е од 13 до 17 часот и е половина работно време и мене многу време ми одзема... Плус и со децата обврски, плус и дополнителни ангажмани и нешто морав да пресечам и, за жал, тоа беше радиото.

Но, мене ми е многу драго што на пријателски начин се разделивме со сопствениците и структурата на Сити радио“.

Кликнете на видеото:

Повеќе фотографии од Димитар со Сара Мејс и децата, кои се негова најголема мотивација и поддршка:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава