Ребека на летување со синовите и сопругот: „Благословена со 4 момци“
- Детали
- петок, 18 јули 2025
„Вака насмеани и заедно да ве гледаме уште многу години“, „Убава фамилија“ - ѝ напишаа следбениците во коментарите под семејните фотографии.

Ребека Јанковска Ристески е на летување со нејзиното семејство.

Пејачката не откри каде се, но на својот Фејсбук сподели фотографии од сопругот Милан и нивните три сина, постариот Маркијан (18) и близнаците Макариј и Доротеј (12).
„Ние. Лето 2025“, напиша таа и додаде емотикон срце.

Тие се прегрнуваат додека патуваат со траек, а на една од фотките, близнаците уживаат додека пливаат во морето.
Семејните фотографии предизвикаа многу емоции кај следбениците на поранешната пејачка.

„Благословена со четири момци“,
„Вака насмеани и заедно да ве гледаме уште многу години“,
„Убава фамилија“ - ѝ напишаа во коментарите.

Објавата на Ребека на Фејсбук:
А. Ј. | Црнобело