Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - пелени насекаде и бегање кон море“
Сцена 6
Драмата со кремата за сончање, епизода 452.
Се вели дека родителството е предизвик. Но, никој не те предупредува дека најголемата битка ќе биде со крема на +35°C.

Сцена 7
Напуштање на плажата – дисциплина за на Олимпијада.
Тука нема медали, само песок во пешкирот, плачливи „уште малку”, боси нозе што бегаат кон морето… и едно детско лице што зборува сè – без да каже ниту збор.

Сцена 8
„Странецот“ го прочитав… во средно.
Се надевав дека пак ќе прочитам за егзистенцијалната криза и ќе ја сфатам подлабоко отколку во средно, но се соочив со реалната – сонце, песок, смеа и плач.
Затоа што вистинските одмори не се тие со совршена тишина. Туку тие со гласна љубов.

Овој одмор немаше мирни утра со кафе. Немаше долго читање на плажа. Имаше песок насекаде, пелени во ранци, непланирани застанувања и емотивни мини-драми на секои 30 минути.
Очи што гледаат со љубопитност каква што одамна не сум видела.
Овој одмор не беше за одмор. Беше за паметење.

И можеби беше хаос.
Но беше најубавиот хаос што сум го доживеала.
Мајчинството – токму онакво какво што е. Без филтри. Без планови.
Само љубов. И многу песок.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
