Тони Михајловски со сопругата и синот, заедно со Драган Тапшанов, уживаат кај Вевчанска Локва на Јабланица
- Детали
- петок, 01 август 2025
Тони Михајловски со сопругата Александра уживаше во пешачење на планината Јабланица и го посетија ледничкото езеро Вевчанска Локва, во чија студена вода не собра храброст да плива, но затоа тоа го направи неговиот пријател патувачкиот блогер Драган Тапшанов.

Тони Михајловски со сопругата Александра и помалиот син, заедно со патувачкиот блогер Драган Тапшанов и неговото семејство, открија дека уживале на планината Јабланица и дека го посетиле езерото Вевчанска Локва.
Овој предел е атрактивно место за пешачење, велосипедизам и кампување.

Панорамските погледи од езерото кон врвот Црн Камен се исклучителни за љубителите на природа и фотографија.
Инаку, Вевчанска Локва, познато и како Вевчанско Езеро или народно „Мртво Езеро“, е мало ледничко езеро лоцирано на падините на планината Јабланица, во заштитеното подрачје „Вевчански извори“.

Езерото се наоѓа на околу 2.000 метри надморска височина, веднаш под врвот Црн Камен (2.558m) и во близина на месноста Голина.

Површината варира зависно од сезоната, најдлабоко е околу 4 метри, без вегетација, поради што го нарекуваат „Мртво Езеро“.

Една од најчестите пешачки и велосипедски патеки започнува од Горна Белица, преку Црн Камен, со должина од околу 11 километри.

Драган Тапшанов откри дека се бањал во неверојатно студена вода на Вевчанска Локва и дека издржал дури 8 минути.

Потоа кадарот го насочи кон Тони Михајловски и откри дека тој не собрал храброст за да влезе и да плива.


Видеото Тапшанов го објави на својот Инстаграм профил (кликнете на него):
Потоа, Тони објави видео како пешачи со својата сопруга и се шегува на своја сметка на каква мака е:
С. С. | Црнобело