Дарко од Скопје ја запроси саканата Ивана на јахта на Мајорка: „Имав помош од агенција за настани, организацијата траеше 2 и пол месеца“

„Ја излажав дека одиме во ресторан, а по претходно договорено сценарио, човекот што го прашав каде се наоѓа локалот, ми рече дека се стига по воден пат, и дека тој може да нè однесе со својата јахта. Кога се качивме, таа беше збунета и исплашена, но кога стигнавме во заливот, ѝ стана јасно...“ – Дарко Пановски за CRNOBELO.com раскажува детали за романтичното запросување на Мајорка.

darko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-ivana-na-jahta-na-majorka-imav-pomosh-od-agencija-za-nastani-organizacijata-traeshe-2-i-pol-meseca-01.jpg

Дарко Пановски (28) и неговата сакана Ивана Трпеска (26) од Скопје се 9 години во врска, а на почетокот на летото беа на летен одмор на Мајорка. 

Токму таму, Дарко одлучи да ја побара за сопруга својата избраничка, за што организирал романтично запросување на јахта, среде море, на зајдисонце. 

Организацијата траела 2 и пол месеца, за логистичкиот дел најмил агенција за организирање на настани од Мајорка, а за таа да не забележи ништо, имал смислено цело сценарио, кое одело по план. 

За целата организација, но и самиот чин на запросувањето, Дарко раскажува подетално за CRNOBELO.com:

„Двајцата сме големи љубители на летото и на летните одмори кои се трудиме секоја година да бидат на некоја нова убава дестинација.

Исто така ја имам слушнато Ивана како во една прилика пред неколку години изрази желба дека би сакала нејзиното запросување да биде токму на некое од нашите патувања/летни одмори.

Долго време размислував каде и како би го извел запросувањето, па одлучив тоа да биде на одморот на Мајорка, по можност на брод, среде море.

darko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-ivana-na-jahta-na-majorka-imav-pomosh-od-agencija-za-nastani-organizacijata-traeshe-2-i-pol-meseca-08.jpg

Со целата организација започнав кон крајот на месец март, односно речиси два и пол месеца однапред, кога го купив прстенот.

Во целиот процес многу ми помогнаа мојот брат и мојата снаа, кои во моментите кога јас не можев да работам на ова бидејќи бев со Ивана, тие беа оние кои разменуваа мејлови и комуницираа со неколку различни евент агенции од Мајорка, кои требаше да ми помогнат логистички околу наоѓање брод, декорации и идеална дестинација.

По повеќе од еден месец пребарување, разменување мејлови со повеќе евент агенции, нервози, негативни одговори со објаснување дека сите датуми се букирани за свадби, најпосле ја најдовме вистинската агенција.

darko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-ivana-na-jahta-na-majorka-imav-pomosh-od-agencija-za-nastani-organizacijata-traeshe-2-i-pol-meseca-27.jpeg

Тие всушност организираат свадби и во својата понуда немаат пакет за запросување, ниту пак досега имале организирано таков или сличен настан, но изгледаа заинтересирано за предизвикот да се пробаат во нешто такво.

Свесен дека тие се мојата последна опција, им предложив да имаме видеоповик во кој подетално ќе им објаснам што сакам и кои се моите идеи. За среќа, тие прифатија, а мене не ми остана ништо друго освен да покажам огромна желба и ентузијазам за целиот настан.

Така и беше, на видеоповикот им покажав дека однапред го имам разработено целиот настан до најситен детаљ и ги замолив да се нафатат да го организираат на начин што – мои ќе бидат идеите и насоките, а тие ќе бидат оној логистички дел, односно тимот на терен.

darko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-ivana-na-jahta-na-majorka-imav-pomosh-od-agencija-za-nastani-organizacijata-traeshe-2-i-pol-meseca-07.jpg

Без разлика што тие не работат конкретно на запросувања ниту пак досега имале искуство со тоа, на мое огромно задоволство прифатија да го изреализираат овој настан и можам слободно да кажам дека ги надминаа моите, но и своите очекувања.

Потоа следеа неколку видеоповици во кои го спремавме „сценариото“ и деталниот план за запросувањето.

darko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-ivana-na-jahta-na-majorka-imav-pomosh-od-agencija-za-nastani-organizacijata-traeshe-2-i-pol-meseca-05.jpg

Денот на запросувањето се одвиваше најнормално како да е само еден обичен ден од летниот одмор. Бевме на плажа и се потрудив таа да не го увиди притисокот кој јас го чувствував.

Ја убедив порано да си одиме од плажа, а како причина за тоа ѝ објаснив дека мојот пријател Мартин, кој воедно веќе бил на Мајорка пред некоја година, успеал да ни резервира во некој интимен ресторан во кој навистина тешко се доаѓа до резервација.

Ѝ реков дека ни јас ги немам сите детали и информации, само дека ме информирал за времето во кое треба да ја подигнеме резервацијата и дека тој нè советувал да се облечеме пристојно, односно да се дотераме бидејќи станува збор за луксузен ресторан.

За среќа таа ја „купи“ оваа приказна и не поставуваше стотици прашања како што тоа се очекува.

До местото пристигнавме со автомобил, а јас се преправав дека барам каде точно се наоѓа ресторанот.

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg