Го посети родното Буково, ја однесе ќерката на гробот на баба ѝ – Ирена, која освои ерген во австралиско шоу, ужива во Битола

„Живот на село... Ги истражувам моите корени со мојата малечка ќерка. Тука живеев кога бев младо девојче и никогаш не мислев дека ќе дојде денот кога ќе ја донесам мојата ќеркичка. Многу посебно утро, Ава ја запозна својата ‘имењачка’. Мојата баба, која почина кога бев млада“ - напиша за посетата на Македонија, Ирена Србиновска, која живее во Австралија, каде се омажи за најпосакуваниот ерген. 

go-poseti-rodnoto-bukovo-ja-odnese-kjerkata-na-grobot-na-baba-i-makedonkata-irena-koja-osvoi-ergen-vo-avstralisko-shou-uzhiva-vo-bitola-01.jpg

Ирена Србиновска е медицинска сестра која потекнува од Битола, а живее во Австралија.

Таа се прослави откако победи во шоуто „The Bachelor 2020“ и го освои срцето на „најпосакуваниот ерген“ Локи Гилберт.

Уште една Македонка победи и освои ерген во австралиско реално шоу - која е Ирена Србиновска?

Од сите девојки, тој ја избра токму неа за своја партнерка, тие уживаа во заедничкиот живот, а по 3 години врска, направиja прекрасна свадбена веселба на која имаше и македонски традиции.

Во февруари 2024-та тие ја добија својата прва ќерка, а кратко пред нејзиниот прв роденден годинава, Ирена сподели емотивна објава во која откри дека Ава Александра е „виножито бебе“, термин кој се користи за бебе родено по спонтан абортус, по раѓање мртво дете или по смрт на новороденче.

Македонка за нејзиното ‘виножито бебе': „По спонтан абортус или мртвороденче, забременувањето е исцрпувачко“

Сега, заедно со 18-месечната ќеркичка, таа ја посети својата татковина, додека сопругот има други ангажмани и не е со нив.

Ирена ужива во времето поминато со семејството, ја запознава ќеркичката со својата фамилија, со нејзините братучеди, а на Инстаграм сподели и дека ја однела на гробот на нејзината баба.

go-poseti-rodnoto-bukovo-ja-odnese-kjerkata-na-grobot-na-baba-i-makedonkata-irena-koja-osvoi-ergen-vo-avstralisko-shou-uzhiva-vo-bitola-03.jpg

„Многу посебно утро, Ава ја запозна својата ‘имењачка’. Мојата баба Александра, баба од таткова страна, која почина кога бев млада.

Секогаш имав посебна врска со неа, и покрај далечината и тоа што поминав краток период со неа. Секогаш го чувствував нејзиното присуство и знам дека секогаш е со мене.

За жал, Ава немаше шанса да запознае никој од моите баби и дедовци, последниот почина точно 1 месец пред таа да се роди. Но знам дека сите ја гледаат и чуваат“.

Ирена пишува дека е горда на својата ќеркичка, која им се смее на сите и ги поздравува, а дури и се обидува да зборува на македонски јазик.

Таа ги охрабрува сите кои се плашат да патуваат со мало дете, да го сторат тоа.

„Можеби нема да се сеќава на ова патување, но јас ќе го чувам засекогаш овој спомен, обожавам да патувам со мојата кукла.

Ако имате мало дете и се плашите да патувате, немојте, може да ве изненадат!“ – стои во објавата од ќеркичката.

Ирена ужива во прошетки низ Битола, во македонската храна која очигледно ѝ недостасува, а сподели и дека го посетила селото Буково, каде што е родена.

go-poseti-rodnoto-bukovo-ja-odnese-kjerkata-na-grobot-na-baba-i-makedonkata-irena-koja-osvoi-ergen-vo-avstralisko-shou-uzhiva-vo-bitola-02.jpg

„Живот на село... Ги истражувам моите корени со мојата малечка.

Тука живеев кога бев младо девојче и никогаш не мислев дека ќе дојде денот кога ќе ја донесам мојата ќеркичка. Ова се неколку фотки од посетата на манастирот“.

Повеќе фотки на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg