Поранешната победничка на Макфест ќе стане мајка - Сара Маркоска чека бебе со партнерот што ретко го покажува
- Детали
- петок, 22 август 2025
Веста за бременоста на пејачката изненади многу нејзини следбеници, зашто многу ретко споделува фотографии со својот партнер и не го открива јавно неговиот идентитет.

Сара Маркоска (30), поранешната пејачка, која во 2012 година победи на Макфест со песната „После него“, ќе стане мајка.
Сара на Макфест 2012
Сара, која подолго време живее и работи во Лондон, на Инстаграм објави кратко видео во кое го покажа трудничкото стомаче и откри дека е бремена.
„Во мојата Рири ера“, напиша таа, алудирајќи на третата бременост на Ријана, која наскоро треба да се породи.

Веста за бременоста на Сара ги израдува нејзините пријатели, а некои следбеници на социјалните мрежи беа изненадени, бидејќи таа многу ретко споделува фотографии со својот партнер.

Таа не го открива неговиот идентитет, но преку објавите на Инстаграм, може да се види дека се заедно од 2024-та и дека последниов период заедно посетиле неколку интересни дестинации.

Инаку, Сара ја претставуваше Македонија и на Јуниор Евровизија, во 2009 година, а ја испеа песната „За љубовта“. Сними и дует со Панчо ДНК, „Зелено светло“.

Сепак музиката ѝ остана само хоби, а таа се пресели на студии во странство и веќе долги години живее и работи надвор од Македонија.
Кликнете да го погледнете видеото:
Погледнете повеќе фотографии:

