Миа Костова ги покажа стриите, Роберт Спасенцовски мери обем на задник на девојка: Што прават нашите ѕвезди?
- Детали
- понеделник, 25 август 2025
Елена Ристеска му прослави втор роденден на својот миленик, а пред тоа ѝ прослави роденден на внуката Делфи, а Миа Костова со фотка од стриите на телото од камп во Грција напиша: „Од работи кои не ги гледаш на добра слика. Или нормално женско тело со помината бременост. Не секое, секако...“

Светлана Црнокрак го обожава летото и е на уште еден одмор, Иван Јованов позира во летно издание, а Светлана Црнокрак повторно покажува дека е безвременска убавица.
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Елена Ристеска му прослави втор роденден на својот миленик, а пред тоа ѝ прослави роденден на внуката Делфи
За роденденот на внуката Елена напиша: „Јас мислам дека убава торта направивме за роденденот на Делфи. Сами ние две за првпат си поигравме со фигурите од фондан и ете го резултатот. Ви се допаѓа?“


Роберт Спасенцовски - Џокер, сопругот на Антониа Гиговска објави кадри од снимањето на спотот за песната „После 12“ со провокативната Вања Петрушевска



Mиа Костова ужива на одмор во камп во Грција со Тијана, каде ги покажа стриите на телото
Таа напиша: „Од работи кои не ги гледаш на добра слика. Или нормално женско тело со помината бременост. Не секое, секако.
Има и такви кои никогаш немале стрии, јас ги имам и искрено никогаш не сум ги ниту забележувала, ниту ме нервирале. Само ме потсеќаат на мојата најдобра животна одлука. Да станам мајка.
*Стриите се природно сува кожа, генетика па што сакаш прави во бременост или ништо не прави или ќе испукаш или нема. Мачкав сè што постоеше на пазарот, мачкав бабини рецепти и се радувам што испукав само олку.


Светлана Црнокрак ужива на море

