Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”?
- Детали
- среда, 27 август 2025
Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македонија во почетокот на 2000-тите? Таа во 2004 година ја отпеа „Јас можев да ти кажам НЕ” и сними спот со Дејан Милиќевиќ. Јелкица денес е мајка, сопственичка на моден бренд, основан во Милано, и сака да ѝ се врати на музиката.

Јелкица Поповска (39) ја паметиме по нејзината хит песна „Јас можев да ти кажам НЕ” која имаше огромен успех на почетокот од 2000-тите, но зашто не продолжи со музичката кариера?
Ја контактиравме за да дознаеме каде е Јелкица денес, што прави во животот и зашто не ја продолжи својата кариера со пеење?

Таа вели дека најголема љубов ѝ е ќерката Аника (7), а дека иако е сопственичка на италијански моден бренд (ЕKKI Milano, кој е основан во Милано), љубовта кон музиката не згаснала и планира одново да ѝ се врати.
Јелкица за CRNOBELO.com вели:
„Јас не престанав да работам на ниедна моја желба, па така немам ставено крај и на мојата љубов кон музиката.

Ме погодивте во период во кој буквално имам идеја да ја проширам на интернационално ниво музичката кариера, дури и со мојата ќерка.

Гласот во видеото за нејзиниот бренд е на нејзината ќерка Аника:
По песната „Јас можев да ти кажам НЕ” престанав со музичката кариера во Македонија бидејќи заминав на студии по внатрешен дизајн во Италија, а како личност сакам да сум фокусирана на една работа 100 проценти, па фокусот ми беше на тоа.

Завршив внатрешен дизајн, но јас секојдневно живеам со музика и пеење од кога знам за себе.

Во Македонија работев и како стилист за облека, шминкер, дизајнер за уредување на простори, а дури и како диџеј.

