Фудбалерот Дарко Чурлинов се ожени со Гркинката Филипа - свадба во Солун, игра сиртаки
- Детали
- четврток, 28 август 2025
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов се ожени со грчката манекенка Филипа Ксанта осум месеци откако ја запроси на Малдиви.

Парот направи свадба во Солун. Тие прво имаа црковна венчавка, а потоа и забава во ресторан, во бројни гости.
За венчавката Дарко избра широк костум со линии и бела кошула, додека невестата носеше венчаница без прерамки, со вел закачен во косата и впечатлив накит околу вратот.
Од фотографиите што на Инстаграм ги споделија нивни пријатели, може да се види дека и двајцата одлично се забавувале, а Дарко игра сиртаки со гостите, но игра и сам, пред својата невеста, која седи на подот.

За потсетување, Дарко за запроси Филипа на Малдиви, во декември 2024, а само два месеца претходно сподели први фотки со неа на Инстаграм.
Тој до крајот на неделава треба да дојде во Скопје на собир со репрезентацијата, која на почетокот на септември ќе одигра два фудбалски натпревари - на 4 септември против Саудиска Арабија и на 7 септември против Лихтенштајн.

Погледнете ги фотографиите:



Прочитајте и Фудбалерот Дарко Чурлинов ја запроси Гркинката Филипа - романтично, со фенери на плажа
А. Ј. | Црнобело