Поранешниот водител Дамјан Дренковски ја запроси саканата во САД (фото)
- Детали
- петок, 29 август 2025
Дамјан Дренковски по ТВ кариерата во Македонија, извесен период живееше и работеше во Дубаи, но сега својот дом го пронајде во САД, покрај саканата Александра, која често се шегува на тема нивната огромна разлика во висина.

Поранешниот водител Дамјан Дренковски ја запроси саканата Александра во САД.
Александра објави видео од нивните раце и нејзиниот свршенички прстен.
Парот веќе извесен период живее таму и заедно ја делат страста за патувања.

Александра често се шегува на тема огромната разлика во висина, па во една пригода на Инстаграм напиша:
„Сонот на една ниска девојка: да го најде својот висок дечко и заедно да освојуваат сè – дури и горната полица во кујната!
Од крадење бакнежи на прсти до чувство дека се на врвот на светот, вистинска комбинација!
Кому му треба скаличка кога имаш висок дечко за да ги достигнеш ѕвездите и ниска девојка што ќе го излуди од љубов?“
Инаку, Александра живее во Њујорк се занимава со дигитален маркетинг, а има страст и за глума и режија.
Повеќе фотографии од парот:






С. С. | Црнобело
