„Ужасно!“ - Maкедонските јавни личности ја осудија Серена Вилијамс што промовира слабеење со инјекции
- Детали
- петок, 29 август 2025
„Не постои краток пат за слабеење. Кога ќе престанете со овој „лек“, за 6 месеци ќе вратите сè и нешто екстра. За нус појавите не сакам ни да навлегувам. Вие си знаете, големи сте!, вели Миа Костова и ја осудува Серена Вилијамс, заедно со балерината Стефанија Гаштарска и фитнес тренеот Бранко Десовски.

Тениската шампионка Серена Вилијамс (43) откри дека користела GLP-1 лекови за помош при слабеење и дека со помош на тоа изгубила повеќе од 14 килограми.
Вилијамс вели дека нејзините проблеми со тежината започнале по раѓањето на нејзината прва ќерка, Алексис Олимпија, во 2017 година, а се влошиле по раѓањето на втората ќерка во 2023-та, двете од бракот со сопругот Алексис Оханиан.
„Никогаш не успевав да ја достигнам тежината што ми беше потребна, без разлика што и да правев, колку и да тренирав. Беше лудо, затоа што никогаш дотогаш не сум била во таква ситуација – да работам напорно, да се хранам здраво, а сепак да не можам да ја намалам тежината или да го променам изгледот на телото.
Никогаш не сум користела скратени патеки во мојата кариера и секогаш сум работела напорно.
Знам што значи да се биде најдобар. Затоа беше многу фрустрирачки да ги правам истите работи, а да не можам да го сменам бројот на вагата или изгледот на телото“, вели шампионката со 23 гренд-слем титули.
Таа одлучила да се консултира со здравствената компанија Ro, која директно нуди услуги за поддршка на слабеење со GLP-1 третман.
Што е GLP-1 е глукагоналик пептид-1?
Што претставува:
GLP-1 е хормон кој природно се лачи во цревата по внесување на храна.
Неговите главни функции се:
- ја зголемува секрецијата на инсулин (само кога гликозата во крвта е висока),
- ја намалува секрецијата на глукагон,
- ја забавува празнењето на желудникот,
- создава чувство на ситост.

Инаку, постојат GLP-1 агонисти (лекови што го имитираат дејството на GLP-1), кои се користат за:
- дијабетес тип 2 - за регулирање на шеќерот во крвта,
- дебелина, бидејќи го намалуваат апетитот и го поттикнуваат слабеењето.
Популарни брендови вклучуваат Ozempic и Mounjaro.
Kликнете ТУКА за да го видите видеото што го разлути светот, а каде Серена ја рекламира компанијата Ro.
Вилијамс вели дека е свесна дека постои многу контроверзија околу користењето на GLP-1 лекови и признава дека била многу нервозна пред да одлучи да користи еден од нив.
Но, сепак, започнала со неделните инјекции околу шест месеци по раѓањето на втората ќерка, кога престанала да дои.
Сега, по успехот на GLP-1 третманот, Вилијамс вели дека ќе продолжи со неделните инјекции кога ќе биде потребно и тоа го промовира јавно.
Потегот на Серена Вилијамс го разбесни цел свет, а против промоцијата на слабеење со инјекции се огласија и водителката и инфлуенсерка Миа Костова, балерината Стефанија Гаштарска и фитнес тренеот Бранко Десовски.
