„Ужасно!“ - Maкедонските јавни личности ја осудија Серена Вилијамс што промовира слабеење со инјекции
Стефанија Гаштарска напиша:
„Колку ужасна порака... Колку треба да се внимава што се рекламира и што се зборува јавно.
Особено ѕвезди како Серена Вилијамс. Особено од луѓе кои имаат огромно влијание врз народот.
Серена е идол на многу многу луѓе... За ниедни пари не смеела ова да го прифати.
Слабеење со апчиња и инјекции НЕ Е НОРМАЛНО.
Здрава храна, физичка активност и сон!“


Миа Костова напиша:
„Најголемата трагедија во целиов избор на маркетинг е точно таргетирана спортистка која земала брдо пари (а може воопшто да не го користи) додека пола ќе го купат, пола плукајќи ја, ја раширија рекламата толку колку што е потребно. Или, милионите и со плукање се направени.
За кратко ќе заборавите дека била Серена, а компанијата и Серена ќе се дуваат на јахти.
Мажот на Серена, Алексис Оханиан, коосновач на Reddit, е инвеститор и член на Бордот на директори во компанијата што го промовира „лекот“ и која е проценета на 7 милијарди долари а до сега се претпоставува дека заради вклучувањето на Серена има пораст од 5%
За нештата да станат појасни и да не ме прашувате што мислам на тема вакво слабеење.
Не мислам ништо. Не постои краток пат.
Кога ќе престанете, за 6 месеци ќе вратите сè и нешто екстра. За нус појавите не сакам ни да навлегувам. Вие си знаете, големи сте.
Памет во игла уште немаат измислено“.



