„Ужасно!“ - Maкедонските јавни личности ја осудија Серена Вилијамс што промовира слабеење со инјекции
Бранко Десовски напиша:
„Никогаш не сакам да осудувам луѓе кои очајно пробуваат да направат нешто за проблемот со дебелината.
Меѓутоа не треба да бидат жртва и да преземаат моментални чекори, кои ќе им го тргнат вниманието од решението на реалниот проблем кој бара подлабока анализа.
За почеток постојат неколку основни чекори кои ќе доведат до промена на менталитетот како прв услов за долгорочно решение со телесната тежина и здравје!
Знам дека ќе звучи многу просто за да е вистинито ама она кое со сигурност ќе направи разлика е намалениот внес на калории и во нив внес на овошје и зеленчук, редовна физичка активност и сигурно требаше да пишам на почеток, менаџирање на стресот.
Во осетлива област каде има недостаток на промоција на вистинската наука и едукација за физичката култура и исхрана чија задача е да го решаваат овој проблем, се остава преголем простор на маркетиншки лобирања и лична промоција преку „семоќниот“ суплемент, разни производи, начин на исхрана и тренинг.
Залудно потрошени пари и уште поважно ВРЕМЕ за Движење во погрешна насока“.


С. С. | Црнобело
