Ксенија Николова и сопругот слават 5 години брак во Солун: „Морето ќе си бранува, ние ќе си пловиме“
- Детали
- среда, 03 септември 2025
„Среќна годишнина, мачор. Си ја прославивме во наш стил, во градот каде сѐ почна да станува малку посериозно. Остани ми другар“ - напиша Ксенија и објави ретка фотка со сопругот Ненад.

Писателката и наш мотивациски говорник, Ксенија Николива, денес (03.09) прославува годишнина од брак со сопругот Ненад, кој е ракометен судија.
Својот важен ден решија да го прослават во Солун, покрај море, од каде што Ксенија сподели неколку фотографии.
Таа на Инстаграм му ја честиташе годишнината на сопругот, па напиша:
„Среќна годишнина, мачор. Си ја прославивме во наш стил, во градот каде сѐ почна да станува малку посериозно.
Морето ќе си бранува, ние ќе си пловиме. Остани ми другар“.

Ова е една од ретките фотки со сопругот кои Ксенија ги сподели со своите следбеници.
Инаку, Ксенија и Ненад се заедно околу една деценија, а стапија во брак во времето на короната.

Претходно, во интервју за CRNOBELO.com, каде што зборуваше за нивната љубовна приказна, Николова откри дека Ненад ѝ бил симпатија уште во средно.

„Се познаваме од средно и, верувале или не, тој ми беше симпатија уште тогаш.
Учевме во исто средно училиште, Никола Карев, и имавме големо друштво од кое честопати и јас и тој бевме дел.

Сепак, тогаш ништо не се случи. Јас потоа заминав да студирам во Шпанија, па во Дубаи и откако се вратив, повторно ни се споија патиштата.
И почна тоа што можеби и порано можело да почне, но не било вистинското време“ - рече таа во интервјуто.

Прочитајте и Љубовната приказна на Ксенија Николова и Ненад: „Ми беше симпатија уште во средно, тој е моето сидро, а јас неговото море“
А. Ј. | Црнобело