Дарко Панчев наполни 60 години - Златна топка и две торти за роденденот на фудбалската легенда

„Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија и најпознатиот Македонец во светот. Да си ни жив и здрав“ - напиша неговата сопруга, пејачката Маја Гроздановска Панчева.

darko-panchev-napolni-60-godini-zlatna-topka-i-dve-torti-za-rodendenot-na-fudbalskata-legenda-01.jpg

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Дарко Панчев наполни 60 години.

Роденденот го прослави со најблиските, кои објавија фотки на Инстаграм.

darko-panchev-napolni-60-godini-zlatna-topka-i-dve-torti-za-rodendenot-na-fudbalskata-legenda-02.jpg

Дарко овој пат имаше две роденденски торти. Едната со декорација чаша виски и пури, а другата црна и со златна топка - синоним на златната копачка што ја освои во времето кога играше за „Црвена ѕвезда“.

„Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија и најпознатиот Македонец во светот. Да си ни жив и здрав“ - напиша неговата сопруга, пејачката Маја Гроздановска Панчева.

darko-panchev-napolni-60-godini-zlatna-topka-i-dve-torti-za-rodendenot-na-fudbalskata-legenda-03.jpg

Дарко е роден на 7 септември 1965 година и е вистинска легенда на југословенскиот и македонскиот фудбал.

Во 1992 година тој ја освои Златната копачка на Европа, играјќи за Црвена ѕвезда.

darko-panchev-napolni-60-godini-zlatna-topka-i-dve-torti-za-rodendenot-na-fudbalskata-legenda-09.jpg

Кариерата ја почна во младинските категории на Вардар, а во 1988 година замина во белградска Црвена ѕвезда.

Со клубот трипати по ред ја освои југословенската лига и беше најдобар стрелец, а во сезоната 1990/91 го постигна решавачкиот пенал во финалето од Купот на европските шампиони против Олимпик Марсеј.

darko-panchev-napolni-60-godini-zlatna-topka-i-dve-torti-za-rodendenot-na-fudbalskata-legenda-04.jpg

Истата сезона со 34 голови стана најдобар стрелец во Европа, но наградата ја прими дури во 2006.

Потоа го освои и Интерконтиненталниот куп, давајќи му гол и на чилеанскиот клуб Коло-Коло.

darko-panchev-napolni-60-godini-zlatna-topka-i-dve-torti-za-rodendenot-na-fudbalskata-legenda-07.jpg

Од Ѕвезда во 1992 година замина во Интер, а потоа кратко играше за Лајпциг, за Фортуна, а се пензионираше во 1997 во дресот на швајцарски Сион.

За репрезентацијата на Југославија настапи на 27 натпревари и постигна 17 голови, вклучувајќи два на Мундијалот во Италија во 1990.

darko-panchev-napolni-60-godini-zlatna-topka-i-dve-torti-za-rodendenot-na-fudbalskata-legenda-05.jpg

Тој беше прв капитен на Македонија, а во националниот дрес настапи на 6 натпревари и постигна еден гол.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години н... „Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Перо Антиќ и Сања Ристиќ прославија годишнина од љубовта во Афитос: „З години со ова ѓаволче“ „Среќна годишнина и уште многу заедно, моја љубов и светлина“, напиша Сања на фо...
Дарко Влогс среќен со сопругата на плажа во Северна Каролина - слика напис „Исус“, па гледа огномет,... Дарко Влогс, некогаш нашиот најзабавен камионџија, покрај Андруш, сподели ретки ...

Најчитани неделава