Се омажи Дани Димитровска - блеска во бело покрај саканиот Горан
- Детали
- четврток, 11 септември 2025
По долги години врска, која се трудеше да ја чува подалеку од очите на јавноста, пејачката Дани Димитровска се омажи со Горан Веселиновски - Весел.

Дани Димитровска вчера (10.09) му кажа „ДА“ на својот сакан Горан Веселиновски - Весел.
Парот направи интимна венчавка, а Дани блеска покрај својот сопруг, синот Лазар и ќерката на Горан од првиот брак.

Таа на Инстаграм Стори објави две фотографии од венчавката - на едната со децата, а на другата сама покрај некогашниот кошаркар.
Невестата избра бели панталони во комбинација со бела ролка без ракави и со карнери, додека Горан е во бела кошула.

Ова е втор брак за Дани, која првиот пат се омажи на 20 години, а потоа на 21 го доби синот Лазар.
Нејзиниот сопруг, Горан, пак, е поранешен кошаркар, а сега директор на КК „Работнички“.
Прочитајте и Дани Димитровска: „Станав мајка на 21 година, сите мои другарки излегуваа во град, јас бев дома со гу-гу“
А. Ј. | Црнобело
