Македонец со вирална објава по фемицидот во Велес: „Да ги научиме синовите дека жената не е трофеј, а љубовта не е поседување“

„Како татко на син, сметам дека нашите синови треба да ги научиме дека една жена има право да каже „не“, има право да не нè сака, има право да се оддалечи и тоа треба да го прифатиме како сосема нормално. Дека посесивноста и љубомората се форми на болест, а не љубов...“, испраќа порака Андреа Јанков.

makedonec-so-viralna-objava-po-femicidot-vo-veles-nie-tatkovcite-i-majkite-sme-prvite-shto-mora-da-gi-nauchime-sinovite-01.jpg

Андреа Јанков, како татко на син, е еден од многумината згрозени од грозморниот чин кој се случи во Велес и кој ја потресе Македонија.

Дечко ѝ го одзеде животот на поранешната девојка, која долго време ја демнел и малтретирал, го уби и нејзиниот татко, а потоа си пресуди самиот себеси.

На темата Андреа вели дека институциите затаиле, но и дека кога воспитуваме синови и ние самите, како мајки и татковци, треба да ги научиме на некои работи.

Неговата објава гласи:

„Како татко на син, знам дека татковството носи со себе огромна одговорност, не е мое само да го нахранам, облечам и испратам на училиште, туку пред сè да му покажам што значи да се биде човек и маж.

Фемицидот кој се случи во Велес, покрај неспособноста на институциите, е последица и на невоспитаноста на деца кои подоцна растат во емоционално нестабилни луѓе, кои не разбираат што се граници, и кои не сфаќаат кога „не“ навистина значи „не“.

Ние, татковците и мајките, сме првите што мора да ги научиме синовите:

- дека жената не е трофеј или предмет
- дека љубовта не е поседување
- дека посесивноста и љубомората се форми на болест, а не љубов
- дека достоинството на друг човек не смее да се гази заради моментална страст
- дека не постои оправданост за насилно однесување во случај на одбивање

Да не ги лажеме децата дека животот е филм каде што ако доволно се трудиш, ќе ја освоиш девојката.

Во вистинскиот живот, една личност има право да каже „не“, има право да не нè сака, има право да се оддалечи и тоа треба да го прифатиме како сосема нормално.

И ако навистина сакаме некого, треба да знаеме и кога да го пуштиме да си оди од нашиот живот.

makedonec-so-viralna-objava-po-femicidot-vo-veles-nie-tatkovcite-i-majkite-sme-prvite-shto-mora-da-gi-nauchime-sinovite-02.jpg

Нашите синови мора да разберат дека зрелоста не е во тоа да ја добиеш секоја девојка што ќе ја посакаш, туку во тоа да ја почитуваш онаа што ќе ти каже „не“.

Мора да ги научиме дека да сакаш некоја личност значи да ја оставиш слободна, а не да ја врзеш со синџири од љубомора.

Јас го учам мојот син дека силата на мажот не е само во мускулите, туку во способноста да ја контролира својата агресија.

Дека успехот и големината на мажот не се мери со бројот на девојки кои ќе ги има, туку со почитта што ќе ја добие од луѓето околу него.

Затоа родители, разговарајте со вашите синови за љубовта, за границите, за почитта. Подобро е навидум непријатен разговор дома, отколку трагедија надвор.

За подобра иднина, да се погрижиме децата да не ни бидат слепи слуги на своите нагони, туку емпатични битија кај кои императив во однесувањето ќе им биде благосостојбата на другите“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg