Тања, сестрата на Игор Џамбазов, со искрена исповед: „Немаше шанси да замислам дека јас нема да имам деца“
- Детали
- среда, 17 септември 2025
„Не сретнав човек или, пак, бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше, не сретнав човек со кого што ќе сакав да имам дете, сите години во Виена, во Лондон, во Париз бев претежно сама и кога го сретнав човекот за кого што зборував, веќе беше доцна...“, вели Татјана Џамбазова во подкастот на Стефан Лазаров.

Игор Џамбазов неретко истакнува колку ја сака својата сестра Татјана Џамбазова, која милува да ја вика Тања, и за која отсекогаш верувал дека Македонија е премала, а сега истото го мисли и за светот.
Тој неодамна со заедничка фотографија ѝ го честиташе 60-тиот роденден.

Татјана е авантурист и вљубеник во животните, природата и животот општо. Со децении живее во Сан Франциско, но постојано патува, а посебно место во нејзиното срце има Африка.
Инаку, Тања е архитект/технологист со завидна кариера на светско ниво.

Сега, таа гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров и искрено одговори на прашањето за потомство, односно дали да нема деца било нејзин избор или едноставно животна околност.

Татјана на темата искрено вели:
„Секогаш сакав да имам деца, немаше шанси да замислам дека јас нема да имам деца, бидејќи мене ме сакаат само животни, деца и будали луѓе.
Меѓутоа не верувам дека се прави дете само затоа што треба да се направи.
Не сретнав човек, или бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше не сретнав човек со кого што ќе сакав да имам дете, сите години во Виена, во Лондон, во Париз бев претежно сама и кога го сретнав човекот за кого што зборував веќе беше доцна.
Така што мене ми е секако многу жал ама не беше тоа некоја одлука.
Ниту сум кариеристка, па нешто заради кариерата, никако... Бев сигурна дека ќе имам деца, само... тоа е животот што сакал“.
