„Психопатите не се познаваат по изглед“ - Македонските познати личности со реакции за убиството на Росица од Велес
Миа Костова
„Хорор… Вистински хорор.
Сум пријавувала неколку пати, не насилници ама непознати и познати кои ми се заканувале и по пораки и по инбокси, затоа што не се сложувале со моето мислење.
Колата ми ја запалија - никој до ден денес не ме побарал ниту нешто се преземало. До ден денес ги памтам полицајците и крим техника како ме тргаа на страна со бебе во рака и ми викаа ‘ајде признај си каде должиш, што си направила?’
Јас кај глеам пола кола чури, таму не ми се верува дека полицијата дојде да ме набеди и да заврши работа.
И така си остана тоа до ден денес. Случајот е затворен со ‘можда грешна кола’ можда пироман. Не беше ни едното, ни другото.
Друго, дечково гратски лик, наводно… Чудно е што никој и не алармира, а денес коментарите од оние што го знаат биле ‘јеботе, се очекуваше, малце беше луд’ Малце? Малце тепал жени… малце чуден. Малце поише пријави…
После ова, промена на закони. Да нема опција за ‘забрана за приближување’.
Па, психопат ако може да се носи со неприближување нема да е психопат.
Пријава, насилство, закани - притвор. Па, нервирај се од таму и објаснувај се дали е твоја или не.
Се прашувам судија кој треба да изрече мерка ако е ќерка му баш Росица, дали сѐ исто ќе идеше по овој редослед. Јас мислам не.
Јас би да имплементираме закони кои не постојат, со сечење раце, нозе, уши, јазик, муда на педофили, кастрации… Па можда ќе размислат следен пат кога ќе се качат во кола пијани, ќе силуваат или ќе тепаат.
Ама коа ќе размислам подобро, вас и тоа нема да ви чини“.

Снежана Лупевска, новинар
„Секоја жена е иста пред законот, но кај нас не е. Росица пријавувала 7 пати дека е жртва на насилство, физичко и психичко, и никој не ја заштитил.
Потклекнале сите институции во низата: не добила полициска заштита, ниту пак насилникот е осуден со ефективна казна.
Неодамна беше нападната градоначалничката на Скопје и насилникот доби и притвор и пресуда за кусо време.
Секој насилник треба да се казни, но зошто Росица била небитна за институциите и невидлива за сите? Жал ми е што не се обратила до нас медиумите да ја сподели нејзината мака, оти очигледно само така им се слуша гласот на жртвите - граѓани без функција“.

С. С. | Црнобело