Милош од валандовско: „Работам во училиште, но го сакам земјоделието - семејно гроздоберот ни е традиција“

„Убавината на гроздоберот е тимската работа. Годината беше родна, времето нè послужи и произведовме грозје со исклучително добар квалитет“, вели Милош Кецојевиќ (40), секретар во основно училиште во село Јосифово и земјоделец. Порачува дека традицијата на гроздоберот мора да си ја негуваме.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-01.jpg

Милош Кецојевиќ  (40) работи како секретар во ООУ Страшо Пинџур во село Јосифово, а се занимава и со земјоделие, како дополнителна дејност со своето семејство во родното Јосифово, општина Валандово.

Периодов се случува гроздобер, а Милош за CRNOBELO.com вели:

„Во моментот имаме берба на грозје сорта модавија, на површина од околу 2.3 хектари, имаме околу 3.800 калеми грозје.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-11.jpg

Годината беше родна, времето нè послужи и произведовме грозје со исклучително добар квалитет за пласман на европските пазари и маркети.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-08.jpg

Откупната цена е иста со претходните години со тоа што имаме зголемување на цената на трудот, препарати, нафта и останати трошоци.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-05.jpg

Гроздоберот ни помина во најдобар ред, имаме околу 68 тона прва класа грозје.

Убавината на гроздоберот е тимската работа.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-04.jpg

Имаме екипа којашто бере, друга го пакува и чисти грозјето за да се добие во квалитет при извоз и трета екипа којашто врши транспорт на грозјето.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Ѝ ги врзува сандалите, ја храни со школки - Љупка Митрова и сопругот разменуваат нежности на Капри Љупка и Георги како да го живеат својот втор меден месец - разменуваат нежности,...
Антониа Гиговска и Марјан Петров на концерт на Лејди Гага во Милано: „Картите ги плативме 1.000€, на... „Беше многу блиску, се симна долу, но буквално за некои тројца-четворица луѓе не...
Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Марија и Бојан од Eye Cue чекаат прво дете – објавија забавно видео со тест и трудничко стомаче Живеат долги години заедно, тој ѝ бил најголема поддршка кога нејзините не ја по...

Најчитани неделава