Милош од валандовско: „Работам во училиште, но го сакам земјоделието - семејно гроздоберот ни е традиција“

„Убавината на гроздоберот е тимската работа. Годината беше родна, времето нè послужи и произведовме грозје со исклучително добар квалитет“, вели Милош Кецојевиќ (40), секретар во основно училиште во село Јосифово и земјоделец. Порачува дека традицијата на гроздоберот мора да си ја негуваме.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-01.jpg

Милош Кецојевиќ  (40) работи како секретар во ООУ Страшо Пинџур во село Јосифово, а се занимава и со земјоделие, како дополнителна дејност со своето семејство во родното Јосифово, општина Валандово.

Периодов се случува гроздобер, а Милош за CRNOBELO.com вели:

„Во моментот имаме берба на грозје сорта модавија, на површина од околу 2.3 хектари, имаме околу 3.800 калеми грозје.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-11.jpg

Годината беше родна, времето нè послужи и произведовме грозје со исклучително добар квалитет за пласман на европските пазари и маркети.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-08.jpg

Откупната цена е иста со претходните години со тоа што имаме зголемување на цената на трудот, препарати, нафта и останати трошоци.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-05.jpg

Гроздоберот ни помина во најдобар ред, имаме околу 68 тона прва класа грозје.

Убавината на гроздоберот е тимската работа.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-04.jpg

Имаме екипа којашто бере, друга го пакува и чисти грозјето за да се добие во квалитет при извоз и трета екипа којашто врши транспорт на грозјето.

milosh-od-valandovsko-rabotam-vo-uchilishte-no-go-sakam-zemjodelieto-semejno-grozdoberot-ni-e-tradicija-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тон емоции! Миа Костова се сретна со Леонид, за чие лекување собираше пари - тој ѝ подари статуетка ... Во 2024 година Миа Костова организираше донаторска акција и за два дена собра 45...
Нина Ангеловска е во Кина, каде има најава за тајфун: „Стаклените врати во хотелот ги запечатија, го... „Ние престојуваме во хотел во Гуангџоу каде се преземени мерки и не работат...
Едина Муса и Мачка елегантни на свадба, Ѓоко Танески со ретка фотка од ќерката - Што прават познатит... Пејачот Ѓоко Танески објави фотографии со ќерката за да ѝ го честита 18-тиот род...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Како се дотеруваат познатите Македонци кога се гости на свадба? Актерката Дарја Ризова во фустан со отсечоци, Атанас Атанасовски во црно покрај ...
„Одам на четврта операција за една година“ - Весна Петрушевска со искрена исповед од болница, по рак... „Единствено се плашам од игла, имам неверојатен страв. И одлучив да направам дне...

Најчитани неделава