Ѝ ги врзува сандалите, ја храни со школки - Љупка Митрова и сопругот разменуваат нежности на Капри
- Детали
- недела, 13 јули 2025
Љупка и Георги како да го живеат својот втор меден месец - разменуваат нежности, пловат со јахта, се опуштаат на плажа, малку шопинг, хедонистички ручеци и вечери.

Инфлуенсерката и сопственичка на модното студио Mitroff, Љупка Митрова, и нејзиниот сопруг Георги, уживаат во љубовта.
Откако се венчаа кон крајот на мај, па заминаа на меден месец во Монте Карло, сега се на ново патување, овој пат на италијанскиот остров Капри.


Љупка и Георги како да го живеат својот втор меден месец - разменуваат нежности, пловат со јахта, се опуштаат на плажа, имаат прошетки низ град, малку шопинг, хедонистички ручеци и вечери.
Сето ова Љупка го сподели на Инстаграм, па откри и дека сопругот ја чува како вистинско богатство, до толку што ѝ ги закопчува сандалите на нозе, ја храни со школки, се грижи за неа.


Парот е во љубов скоро две години и во ова време постојано патуваат заедно, секојпат на интересни локации.
А токму во Рим, каде што било нивното прво патување, Георги и клекна на колено и ја запроси својата сакана.


Погледнете ги фотографиите од нивното патување на Капри:






