Милош од валандовско: „Работам во училиште, но го сакам земјоделието - семејно гроздоберот ни е традиција“
Цената на работната сила изнесува 300 денари на час за 8 работни часа, во која цена е вклучена и исхрана.

Покрај ова гроздоберот е традиција којашто треба да се негува и чува во Македонија, посебно во нашиот јужен валандовско-гевгелиски крај, којшто изобилува со особено добри медитерански климатски услови и квалитетно земјиште, што го прави погодно за одгледување на грозје.

Во рамки на нашето семејно стопанство Кецојевиќ имаме и околу 2 хектара ореви, околу 450 садници сорта чендлер и 1.4 хектари калинки со околу 1.100 садници сорта хиџаз, бејнер и други.

За оревот и калинката се очекува да се почне берба во наредниот период.
За калинката се очекува помал принос заради елементарната непогода мраз во нашата општина Валандово“.



©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело