Мартија Станојковиќ: „Не би ми стоеле големи гради, татко ми ми ги коментира провокативните фотки преку мајка ми“
- Детали
- вторник, 14 април 2026
„Големи гради не се за секој, според мене. Можеби би ставила гради кога би родила деца, па отпосле ако имам потреба. Но, во овој момент не би коригирала ништо, многу се чувствувам сигурно во своето тело каква што сум“, вели Мартија во гостувањето во подкастот „Урок“.

Поранешната пинкова ѕвездичка, Мартија Станојковиќ, веќе некое време гради сериозна музичка кариера, но се истакнува и како девојка со одличен моден стил.
Таа е пример за многу помлади девојки кои ја следат во чекор и кои ѝ се воодушевуваат на она што го работи.

А Мартија неодамна гостуваше во подкастот „Урок“ на Сергеј Варошлија, па со него разговараше за овие теми, но и за својот дечко, за семејството и како татко ѝ реагира на попровокативните фотки што ги објавува, а откри и зошто смета дека не би ѝ стоеле големи гради.
На прашањето на Сергеј дали би направила некаква естетска корекција и дали размислувала за тоа, таа одговара:
„Сум размислувала искрено. Јас сум многу ниска, 160cm, и кога би имала поголеми гради мислам дека нема да делувам сразмерно.
Едноставно, нема да ми стојат.

Друга работа е што јас не сум таква, нема да може да ги износам. Големи гради не се за секој, според мене. Можеби би ставила гради кога би родила деца, па отпосле ако имам потреба.
Но, во овој момент не би коригирала ништо, многу се чувствувам сигурно во своето тело каква што сум“.

Сергеј низ емисијата ѝ покажа и неколку нејзини фотографии, па се осврна на нејзиниот провокативен изглед кога се појавува на јавни настани.
„Кажа дека мајка ти ти е многу голема поддршка, брат ти и сестра ти исто. Ти си со релативно провокативен изглед, ништо страшно, ти си естрадна личност и некогаш на фотосесија и на сцена треба да си поразголена. Како реагира татко ти на ова, посебно што си најмалото дете? Има ли разбирање за сето ова“, ја праша тој.

На ова, Мартија му одговори:
„Татко ми е интересен човек, ми има пружено многу љубов и многу поддршка, иако тоа секогаш некако го прави преку мајка ми.
Никогаш нема да дојде да ми рече дека нешто ми било многу добро или лошо, секогаш оди преку неа, а не знам која е причината.

Не е фан да ме гледа во многу провокативно издание. Нон-стоп знае, не директно на мене, туку на мајка ми да ѝ каже нешто кога ќе се разголам.
Еднаш само во последнава година има видено моја слика и ми рече: ‘На ништо не ти личи сликава’“.

Погледнете го целото видео:
А. Ј. | Црнобело