Тино Костадиновски: „Кога станав татко сфатив дека јас ќе треба да го воспитувам тоа дете“

„Чувството кога ќе добиеш дете е толку убаво, што немам зборови. Инаку, експерт сум на тема деца. Како станав експерт? Со читање, истражување, апликации, книги, имам многу литература. Поткован сум, најдобро знам да правам гу-гу-гу-гу“, вели Тино во една од ретките прилики каде што зборува за татковството. 

tino-kostadinovski-koga-stanav-tatko-sfativ-deka-jas-kje-treba-da-go-vospituvam-toa-dete-01_copy.jpg

Актерите и стенд-ап комичари Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски беа гости во новата сезона од подкастот на Стефан Лазаров.

Во емисијата која трае преку два часа, Стефан со своите гости зборува за бројни теми, првенствено за нивната кариера.

Но некако, зборувајќи за стенд-апот „Натпросечен Македонец“, и емотивната реакција на Тино кога пред своите родители стигнал до „смешката“ на тема воспитување, се наметна прашањето за татковството, а Тино прозборе и за себе како татко.

„Јас темата за воспитување многу си ја сакам и пред да влезе во ‘Натпросечен Македонец’ беше дел од друг стенд-ап. Да, многу си ја сакам. Откога добив дете, сфатив дека ќе треба да го воспитувам и почнав да размислувам на темата.

Го кажав тоа на стенд-апот, низ цел свет кажувам, така и ја почнувам темата дека „откога ми се роди дете почнав да размислувам за воспитување“.

И како флеш ми се врати цел живот наназад, а приказната е дека ми се дереле и ме тепале, дека татко ми ме акал од земја.

А татко ми беше во прв ред седнат. И завршува со тоа дека 'како и да ме воспитуваше, што и да правеше, воспита еден добар човек, полн со емпатија, кој не му мисли лошо на никој'.

И тогаш го погледнав во очи и знам дека во тој момент беше многу горд на мене“ - ја почнува Тино приказната.

tino-kostadinovski-koga-stanav-tatko-sfativ-deka-jas-kje-treba-da-go-vospituvam-toa-dete-02.jpg

По ова Стефан јавно му честиташе што добил дете, а Тино му одговори:

„А што се правиш дека првпат ми честиташ? Честиташе еднаш трудна кога беше, еднаш кога се роди, честиташе стопати...“.

„Ама на мекици не ме викна“, вели Лазаров.

„Тоа Атанас не беше на мекици, ти ќе дојдеш“, му врати Тино.

На прашањето од Стефан, дали ќе може да работи кога ќе има дете, Тино вели: „Ќе можеш, и подобро. Секс заборави, тоа ќе ти кажам. Тоа се случува“.

tino-kostadinovski-koga-stanav-tatko-sfativ-deka-jas-kje-treba-da-go-vospituvam-toa-dete-04.jpg

„Тино, спиеш?“, продолжува Лазаров.

„Да, брат, немаме проблем со тоа. Чувството кога ќе добиеш дете е толку убаво, што немам зборови.

Не сум замислувал дека еден ден некој ќе ме праша за татковството, а инаку сум експерт на темата деца.

Како станав експерт? Со читање, истражување, апликации, книги, имам многу литература. Атанас, како се викаше водичот каде детето ти е претставено како дивајс?“, праша Тино.

„Данте Алигиери, Пеколот“, се пошегува Атанас.

tino-kostadinovski-koga-stanav-tatko-sfativ-deka-jas-kje-treba-da-go-vospituvam-toa-dete-03.jpg

„Поткован сум, најдобро знам да правам гу-гу-гу-гу. Но, има многу корисни работи, ете, на пример спиење.

Во текот на денот на бебето ќе му посветиш доволно време, внимание, ќе си направиш систем за спиење, следиш wake window кај бебето - колку е будно, кога треба да спие.

Кога ќе го добиеш детето, ти треба да го научиш да спие навечер, тоа самото не знае.

Сериозно, во книгата има работи кои ќе ти помогнат и ќе те научат. Интересно е, а ова не само што е интересно, туку е веројатно и најважната работа што ми се случила во животот“.

Погледнете го видеото од 1:08:22:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонец со емотивна исповед: „Имав 126kg и пиев за да заборавам кој сум... сега сум татко и трчам ... „Таско раскажуваше како престанал да пие. Ерко за неговата ќерка со леукемија. М...
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“ „Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...

Најчитани неделава