Македонка е хит со трансформациите - го „исплаши“ синот како Урсула од „Малата сирена“ (видео)
- Детали
- четврток, 02 октомври 2025
Нашата Фрози Фран на ниво на Македонија, кога станува збор за правењето на уникатни и кул маски, е исто што и Хајди Клум на светско ниво. Секогаш уникатна, своја и неверојатно талентирана, таа со својата трнсформација успеа дури да го збуни и своето синче. Погледнете го ова хит видео...

Од Фиона од „Шрек“ до Урсула од цртаниот филм „Малата сирена“, македонската шминкерка Фрози Фран секоја година на 1-ви април и 31-ви октомври си прави неверојатни маски и покажува уметност во шминкањето на дело.

Од типот на Хајди Клум на светско ниво, така таа локално кај нас вооодушевува со идеите и реализацијата на маските.


Така, денес, на почетокот од октомври, во пресрет на Ноќта на вештерките (31.10), таа се потсети на маската на Урсула и сподели забавно видео снимено во нејзиниот семеен дом.

На видеото таа влегува дома облечена како Урсула и му се обраќа на синот, а тој реагира исплашено и речиси и не ја препознава.




Кликнете го видеото:
Неколку фотки од неа:



С. С. | Црнобело