Тон емоции! Учениците на Ана Костадиновска пеат хит од нејзините колеги од ДНК на час: „Од срце за скршеното срце“
- Детали
- четврток, 02 октомври 2025
Браво! Ана Костадиновска, која е професор по пеење во музичкото училиште Илија Николовски Луј“, објави емотивно видео од своите ученици додека пеат хит од ДНК на нејзиниот час.

Шест и пол месеци по трагедијата во Кочани, придружниот вокал на бендот, Ана Костадиновска која преживеа во пожарот, објави видео од своето работно место, како професорка во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“.

Емотивното видео прикажува дел од нејзините ученици, кои го пеат хитот на ДНК, песната „Север и југ“.
„Учениците од 3 и 4 година, теоретски оддел во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ - предмет џез и популарна музика. Од срце за скршеното срце“ - напиша Ана на Инстаграм.

Таа постојано објавува фотографии и видеа од пријателите кои ги загуби во пожарот, од Сара за која велеше дека ѝ е како сестра, им оддава почит на загинатите и не крие дека поминува низ голема болка.
Eмотивната изведба на учениците можете да ја слушнете ТУКА.

А. Ј. | Црнобело