Што би направиле познатите Македонци кога би биле градоначалници на Скопје?

Тамара Тодевска

„Сметам дека чистењето на градот, одржувањето на хигиената и јавниот транспорт се работи кои мора да функционираат и истите не би ги вброила во приоритети, туку тоа е секојдневна работа на градот и комуналните служби.

Еве ги моите 3 предлози:

Целосно нова концертна сала, покрај изведбата на Универзална сала (чија реконструкција е во тек), сметам дека многу ни е потребна репрезентативна концертна сала за музички и други настани.

Многу повеќе култура на дневно ниво и заживување на градот. Скопје мора да ја напушти депресијата и повторно да биде град на квалитетен ноќен живот и настани кои инспирираат, прилагодени за сите генерации на граѓани.

Дигитализација на јавните услуги и напуштање на концептот „имам човек во даночно, ќе ти заврши работа“.

Можеби предлозите ми се амбициозни и нереални, но сметам дека и буџетски се реално изводливи... најважна е волјата и желбата за вистински промени“.

shto-bi-napravile-poznatite-makedonci-koga-bi-bile-gradonachalnici-na-skopje-02.jpg

Татјана Стојановска

„Би ставила акцент на подигнување на еколошката свест и едукација на граѓаните, со медиумски кампањи.

Зајакнување на системот на казнување за фрлање и палење отпад со зголемен инспекциски надзор и ригорозни казни за прекршителите.

Зајакнување на менаџментот и поставување соодветен кадар во комуналните претпријатија, како и мотивирање на вработените со подобри плати, но и контрола на нивната работа“.

shto-bi-napravile-poznatite-makedonci-koga-bi-bile-gradonachalnici-na-skopje-04.jpg

Перо Антиќ

„Прво би ја сменил хигиената во градот, жално е каде живееме и што сè има по улиците.

Би го позеленил цел град, на секое можно слободно место.

Не би дал на секој ојле-дојле што ќе му текне да гради карикатури од згради и би имало ред каде може да се гради, а кај не.

Кај сме задушени од отрови во воздухов години наназад заради напикани згради секаде, не може ни воздух да помине, ни да дувне ветер“.

shto-bi-napravile-poznatite-makedonci-koga-bi-bile-gradonachalnici-na-skopje-03.jpg

Снеже Велков

„Имам многу повеќе од 3 работи, па ќе набројам неколку плус. Прво, мораториум за градби на ниво на градот.

Пар-непар возила - значи еден ден да можат да возат возила со парен, следен ден возила со непарен број на таблицата - ќе се намали гужвата и галамата.

Систем на бонусирање на комуналните тимови - инспектор проверува секој ден кој колку исчистил и каде, и оп парички во џепче за да се стимулираат за да направат повеќе.

Комунални редари во градското подрачје, со електрични пендреци, па тој што фрла ѓубре ем да го подизгори со пендрек, ем да го натера да собере, ем казна да му пише, а ако не сака да плати на лице место - да исчисти еден дел од градот.

Звучници на плоштад кои секое сабајле од 7 до 9 ќе пуштаат добра музика, позитивни вести и вицови. Замисли денот да ти почне со смеење.

Автобусите за градски сообраќај веќе ми се порачани.

Патеката покрај Вардар да ја направам дури до Гевгелија како тече Вардар така да може да се вози точак“.

shto-bi-napravile-poznatite-makedonci-koga-bi-bile-gradonachalnici-na-skopje-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg