Миа Костова го прослави 41-иот роденден - Чоколадна торта, вино и одбран круг пријателки
- Детали
- петок, 10 октомври 2025
Откако лани направи забава во бохо стил со многу пријатели, Миа Костова годинава роденденот го прослави во скопски ресторан со неколку најблиски другарки.

Миа Костова вчера (09.10) наполни 41 година.
За роденденската забава, таа избра црн аутифит со тантела и впечатлив накит, го дополни со дискретна шминка, а косата ѝ беше врзана во пунџа.


Во текот на прославата, Миа објавуваше фотографии и видеа од локалот, од храната и виното, големиот букет што го доби на подарок.
Вечерта ја заврши со чоколадна торта, во чиј центар имаше една свеќичка.


Во текот на денот, таа, пак, споделуваше роденденски честитки на Инстаграм Стори, од свои пријатели и соработници.
А потоа, пред да почне забавата со најблиските, таа објави и видео, за да им се заблагодари на сите што ја поддржуваат низ годините, но и на оние кои одвоиле време за да ѝ честитаат.


„Драги луѓе, имам денес толку многу пораки и толку многу убави зборови што не ни имам начин доволно да ви се заблагодарам.
Ви посакувам само едно: На 41. роденден да си речете ‘Не сакам ништо повеќе, не сакам на ниту едно друго место, секоја следна да ми е вакваʼ.
Посакувам само здравје, сила и чиста мисла. Немате поима какво е чувството да имаш над 80.000 луѓе на едно место. Ве сакам!“ - напиша таа.
Погледнете повеќе фотографии:


