„Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат од Панчо
„Патувај мирно стари мој“ - стои во последниот поздрав од Огнен Здравковски.
„Пред една година ја снимивме 'Чаршија'... остана само да збори цела чаршија и целиот свет за вашите дела, музика, музичка група, човечност. Фала ви“ - е последниот поздрав од Бока Конга.


„Патувај стари, не издржа. Светол нека ти е патот“ - Тијана Скулиќ.

„Немам зборови, душава ме боли. Широко небо Панчо“, пишува во пораката на Ева Јакимовска.

„Збогум, пријателе. Летај. Пејте заедно!“, напиша Марио Арангелевски.
„Многу спомени, а само убави ме врзуваат за тебе. Царството небесно сега има уште еден ангел. Јас сум сигурен дека ти го најде својот спокој, иако болката и тагата се огромни за сите нас. Почивај во мир голем човеку“ - напиша Даниел Николовски.

„Скокав и плачев од радост кога те слушнавме летово. Денес, огромна тага и гнев. Зошто? Те познавав кратко, но вистинска чест ми е што запознав голем човек пред сѐ. Широко небо Панчо, пеј со ангелите горе. Те сакаме“ - стои во поздравот од Кики Мукаетова.
