Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во животот барем 4 години“
- Детали
- понеделник, 20 октомври 2025
„И кога ќе ви кажат „со време поминува сè“, воопшто да не верувате. Баш затоа што кога ќе помине време, потешко ви паѓа реалноста за оној кој што го нема повеќе. И нема никогаш повеќе да му го слушнете гласот, а многупати очајно посакувате да го чуете, ви недостасуваат заедничките разговори“, гласи дел од емотивната објава на Маја Настевска од Скопје за нејзината свекрва Лидија.

Маја Настевска од Скопје е мајка на 4-годишниот Калин и на својот Инстаграм профил постојано споделува како ѝ изгледа секојдневието со него.

Но, сега таа сподели дека нејзиниот син Калин изгубил многу значајна личност во својот живот, а тоа е неговата баба Лидија, која тој ја нарекувал Ија.
Маја, исто така, била неверојатно поврзана со својата свекрва, па за неа сподели емотивни зборови во кои ќе се пронајдат многумина и кои ќе трогнат многумина.

Нејзината емотивна објава:
„Почивај во мир наша баба Ија... А ова е нешто што ми дојде од длабочината на душата...
И кога ќе ви кажат „со време поминува сè“, воопшто да не верувате.

Баш затоа што кога ќе помине време, потешко ви паѓа реалноста за оној кој што го нема повеќе.
И нема никогаш повеќе да му го слушнете гласот, а многупати очајно посакувате да го чуете и побарате на телефон.
Уште повеќе ви недостасуваат заедничките разговори.

Ви недостига уште барем една насмевка или една најпоследна прегратка.
Недостигот за едно: „Не грижи се, сè ќе биде добро“.
Продолжувате да живеете навраќајќи се на убавите сеќавања.
Неуморно ги листате фотографиите за да ги оживеете спомените.

А мене најмногу од сè ми недостига мојата Лидија.
Мојот најдобар пријател. Поддржувач во сите мои бесмислици. Најнасмеаниот човек и најтоплата и најпозитивна енергија. Најголемиот оптимист. И најпријатното можно друштво за секојдневниот наш ритуал кафе.
И не.
Со време ништо не поминува.
Само се учиш да живееш со празнината.
