Како го теши синот, како спие: Димитар Атанасовски со фотки од семејни мигови ѝ честиташе роденден на Сара Мејс (35)
- Детали
- вторник, 21 октомври 2025
„Среќен роденден на нашата кралица, најсексапилната и најжестока мама, мојата сродна душа, најинспиративниот партнер за цел живот...“, ѝ напиша Димитар Атанасовски на својата сакана Сара, со која е во брак од 2017 година.

Сара Мејс и Димитар Атанасовски се во брак од септември 2017-та година, но нивната љубов не стивнува, туку се засилува од година во година.

Со нивните деца, ќерката Илина и синот Кирил, тие постојано споделуваат какви семејни авантури имаат, но неретко Сара и Димитар си посветуваат и време само за себе, како неодамнешното патување во Париз.

Вчера (20.10) Сара го прослави својот 35-ти роденден, а по тој повод Димитар објави низа заеднички фотографии, меѓу кои некои шеговити како спие дома, додека други емотивни – како го теши синот во порака.

По повод роденденот Димитар ѝ напиша:
„Среќен роденден на нашата кралица, најсексапилната и најжестока мама, мојата сродна душа, најинспиративниот партнер за цел живот.
Знаеш сè што ти посакуваме — љубов, здравје, среќа, радост, успех... и уште многу незаборавни моменти заедно!“








Прочитајте и „100 пати да се родам, 100 пати ќе те најдам“ – Сара Мејс слави 5 години брак со Димитар со невидени фотки од свадбата
С. С. | Црнобело