Малиот јунак Амир ја победи тешката болест и заѕвони на ѕвончето на Клиниката за детски болести (видео)
- Детали
- вторник, 21 октомври 2025
„Нова радосна вест од Клиника за детски болести... Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Амир храбро ја помина и ја победи тешката битка“, велат од Клиниката за детски болести.

Дечињата кои успеваат да ги победат малигните болести се вистински херои, а завршувањето на лекувањето го одбележуваат со ѕвонење на ѕвонче и аплауз од персоналот на Детска клиника.
Ова ѕвонче внесува нова надеж кај секого.
Сега, на него заѕвони малиот херој Амир.

Одговорните во клиниката споделија:
„Нова радосна вест од Клиника за детски болести...
Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Амир храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Амир му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!“
С. С. | Црнобело