Александар Михајловски, синот на Тони, за борбата со зависностите: „Менталното здравје ми беше ужасно, ме избодеа со нож“
- Детали
- вторник, 21 октомври 2025
„Мангуп НЕ СИ ако можеш да средиш 2 грама и да испиеш вечерта литро виски. Јас не можев да се замислам без да дувам, без да пијам.... Но, сам се излечив со спорт“, вели актерот Александар Михајловски, син на Тони Михајловски, и испраќа порака до младите.

Актерот Александар Михајловски, кој го наследи неверојатниот талент за глума од својот татко Тони Михајловски, гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров и искрено прозборува за борбата со зависностите.
Александар вели дека одлучил ова да го сподели јавно за да испрати порака до младите да сфатат дека тоа е погрешно.

Стефан Лазаров вели: „Споменуваш наркотици, споменуваш алкохол...“, а Александар одговара:
„Да бе да, сум го живеел тој живот јако. Ова го зборам за да кажам дека е лош пример.
Ова не го кажувам како нешто со коешто се гордеам.
Менталното здравје ми беше на најниско ниво во еден период.
Ја имав забаталено мојата кариера, побитно ми беше да заглавам до 5 саат сабајле со тањирот и со пиење и со сите сра*а и сабајле да станам и да бидам тотално непрофесионален.

Сум имал сериозни ноќи непреспиени. Тоа ми било најбитно.
Сум се будел и од сабајле рано ќе сум почнел до вечер и ништо не ми било свето.
Многу е зезнато тоа брат, дисциплината е е најважна. Алкохолот и дрогите се живо сра*е.
