Вирална објава на Македонка: „Зошто се иселуваат младите од Македонија? Сака да оформи семејство, а стан е 2.000 евра квадрат“
- Детали
- среда, 22 октомври 2025
„Се утепува од учење, гледа како други зимаат дипломи со иста вредност за пари! Со години бара соодветна работа за тоа што учел, не може да најде! Си купува карта во еден правец, си ги пакува куферите и си оди! Зошто ни се иселуваат младите? Ете затоа!“, вели Калина Коса чија објава се споделува вирално.

Калина Коси е Македонка со повеќе од 24.000 следбеници на Фејсбук, која не го открива својот идентитет, но отворено коментира на многу теми, а овој пат проговори за нејзините ставови околу тоа зошто се иселуваат младите од Македонија.
Нејзината објава е од пред некој месец, но актуелна и вистинита и денес, па сè уште вирално се споделува.
Нејзината вирална објава:
„Зошто ни се иселуваат младите? Уште прашувате:
- Се утепува од учење, гледа како други зимаат дипломи со иста вредност за пари!
- Со години бара соодветна работа за тоа што учел, не може да најде!
- Се откажува, па со просек 10.00, работи ко келнер у кафич или салатерка у кафана!
- Некој неписмен со купена диплома му е шеф или директор!
- Зима плата 22.500 која не му стига ни за џепарац!
- Не може да си купи неопходна гардероба сам, а камоли нешто од мерак!
- Кола да има без бизнис или мама и тато, не може ни да сонува!
- Ако почне некој бизнис а некому му е конкуренција, ќе го затвори инспекција!

- Се плаши да збори и пишува слободно против која било партија, за да не го линчуваат јавно!
- Почитува закони, пред очи гледа како криминалци се шетаат на слобода!
- Гледа како власта го краде и се богати на негова сметка, и криво му е зошто никој не одговара!
- Сака да оформи семејство, нема каде и како. Стан 2.000 евра квадрат!