Вирална објава на Македонка: „Зошто се иселуваат младите од Македонија? Сака да оформи семејство, а стан е 2.000 евра квадрат“
- Способен е самостојно и независно да живее ама не може, живее дома со мама и тато!
- Нема пари да се лекува на приватно поквалитетно при посериозна болест, зошто нема пари да плати 200 евра од ноќ!
- Ќе умре додека во државно здравство чека на термин за снимање!

- На избори не гласа зошто секоја нова понуда му е стара и секоја гарнитура е бетер од претходната!
- На улица е стално под стрес да не го акне некој дивјак на пешачки или додека вози!
- Ноќниот живот му е во ризик каде и да влезе, диско, кино, ноќен клуб!
- Се труе со секој здив што го зема од загаден воздух!
- Не може да заврши најобична работа во државни служби без врски!
- Му се десило повеќе пати директно или индиректно да му побараат мито!
- Кога пробал да се бунтува против системот и неправдите, го деградирале, етикетирале или му дале отказ!
- И за се погоре наведено, разочаран е до бескрај зошто нема моќ ништо да смени!
- Си купува карта во еден правец, си ги пакува куферите и си оди!
Зошто ни се иселуваат младите? Ете затоа!“
С. С. | Црнобело