Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на лизгалиште“

Јас отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари од клас правеа бендови, со музичари и пејач, рок бендови, народни бендови оние што се спремаа за свадби, за фестивали.

Ама јас нејќев таков бенд, сакав ко Backstreet Boys, машки и да играме.

Во кој филм живееш?’, ми викаа, па ми требаше една година да најдам истомисленици.

Јас си правев стратегија за следниот настап на Макфест.

Кога се споивме со Дамјан, Зоки и Дони, веќе имав песни, па отидовме кај Дарко Димитров во студио за да снимаме, да го направиме тоа попрофесионално.

Му ја однесов ‘Магија’, снимена на синтисајзер, и на прва ме сфати што сакам.

jovan-jovanov-za-muzichkite-pochetoci-so-magija-odevme-na-chasovi-po-tancuvanje-vrchak-go-zapoznav-na-lizgalishte-06.jpg

Многу се спремавме за настапите, имавме кореографии. Тоа беше јако - направивме бенд и сите мислеа дека сме бенд што ќе свири, прашуваа што ќе правиме четворицата.

Ќе играме’ - им викав на луѓето. Не им беше сфатливо дека таков бенд може да постои.

И додека сите вежбаа со инструментите, ние отидовме долу во балетско, и побаравме сала од една учителка.

Не може тука да свирите’, ни вели таа, а јас ѝ одговорив: ‘Не, ние сакаме да играме’. И ни дадоа сала, балерините сите на куп да ни помогнат.

Отидовме на Макфест, каде што само сакавме да оставиме најдобар впечаток, ама, тоа ни ја донесе победата“, се сеќава Јован.

jovan-jovanov-za-muzichkite-pochetoci-so-magija-odevme-na-chasovi-po-tancuvanje-vrchak-go-zapoznav-na-lizgalishte-03_copy.jpg

Јован откри детали и за првата средба со Врчак, која била на лизгалиште на Кале.

„Беше зима, со Дамјан од ‘Магија’ и други другари бевме на лизгалиште. Другар на Дамјан му е другар и на Врчак. И дојдоа таму со намера Врчак да ме запознае.

Раде беше многу кул и ме викна во неговото студио во Црниче. Отидов, му ги читам текстовите и викам: ‘Добри ти се причиве’.

Во тоа време беше тешко да се најдат модерни текстови. Го прашав дали ги пее, ама ми рече дека ги рапува зашто не може да пее.

jovan-jovanov-za-muzichkite-pochetoci-so-magija-odevme-na-chasovi-po-tancuvanje-vrchak-go-zapoznav-na-lizgalishte-12.jpg

Ми кажа и дека е срамежлив: ‘Сум сакал да ги рапувам, ама...’, тој отсекогаш беше по малку плашлив. Го читам текстот ‘Чекам да се стемни...’, ама немаше рефрен и му реков дека јас ќе му направам.

Во тој момент имаше една група, ‘П.С.’, Ана, Генче и Јуле. Јас учев со Ана од 1-во до 8-мо во исто одделение во Радишани, па му реков на Врчак дека ќе му најдам топ вокали.

Така го споив со нив, па го запознав со Дарко Димитров и таа песна му го отвори патот.

Доаѓаше да ме земе од дома и одевме од радио во радио да ја однесеме песната“, раскажа Јованов.

Погледнете го целото интервју:

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg