Дуа Липа доби јакна од Сатја Грабулоски - Трета соработка на нашиот дизајнер и светската ѕвезда
- Детали
- петок, 31 октомври 2025
„Јакната е 100% веганска. Процесот од почеток до крај го водеше Лира Грабул, и на некој начин ова беше момент на покажување почит меѓу семејствата Грабул и Липа, бидејќи татко ѝ Дуги беше вклучен во процесот, а на крај ѝ ја даде пред нејзиниот настап“ - вели Сатја Грабулоски.

Светската музичка ѕвезда, Дуа Липа, доби јакна насликана во студиото SWithaDot на нашиот уметник Сатја Грабулоски.

Јакната ѝ беше врачена на Sunny Hill Festival во Приштина, каде што таа пееше, а ѝ ја даде нејзиниот татко, Дуги Липа, долгогодишен пријател и соработник на Грабулоски.

За јакната, Сатја вели:
„Дизајнот е инспириран од омотот на нејзиниот албум Radical Optimism, со зајдисонце, во боите на нејзиниот фестивал Sunny Hill во Приштина.

Јакната е 100% веганска.
Процесот од почеток до крај го водеше Лира Грабул, и на некој начин ова беше момент на почит и соработка помеѓу семејствата Грабул и Липа, бидејќи Дуги беше вклучен во процесот, а на крај и ѝ ја предаде пред нејзиниот настап“.

Не е првпат Сатја да создава мало парче уметност за Дуа Липа.

Тој ѝ наслика патики за нејзиниот прв спот, додека уште се пробиваше на музичката сцена, но и пред неколку години пејачката доби патики со негов потпис.
