Се ожени Столе Димитриевски - невестата блеска во сатенска венчаница, голманот среќен ја бакнува
- Детали
- петок, 07 ноември 2025
Голманот, кој е познат по својот впечатлив моден стил, за венчавката избра црн костум со два реда копчиња, додека неговата сакана Ирина носеше фустан кој ја следи линијата на телото, и бела крзнена наметка, со бидермаер од рози.

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски и неговата свршеница Ирина направија интимна венчавка во Шпанија.

Тие се заколнаа на вечна љубов на мала граѓанска церемонија, за која Ирина носеше бел сатенски фустан и бела крзнена наметка, додека Столе, кој е познат по својот впечатлив стил, овој пат избра црн костум со два реда копчиња.

На Инстаграм парот сподели неколку фотки од венчавката - пред општинската зграда, во дворот на нивната куќа, во ресторан.

На фотките Ирина блеска, а Столе ја бакнува и гледа заљубено.
Погледнете повеќе фотографии:





Прочитајте и Љубовната приказна на Столе Димитриевски и Ирина: „Отидов од Мадрид во Лисабон на прв состанок со неа“
А. Ј. | Црнобело
