Марија Саздева со исповед: „Како дете се радував на дијагнозата тумор - само тогаш бевме поврзани со моите родители“

„Кога имав 9 години, добив тумор на крвните садови. По секоја контрола во болница, одевме на бурек. За мене тоа беше празник. Моите родители секогаш ги чуваа парите за „црни денови“. А тогаш ја исполнуваа мојата желба да одиме сите заедно. Една година подоцна, туморот се врати... а јас, чувствував среќа. Само се прашував: што не е во ред со мене? Денес знам! Единствено во несреќата чувствував што навистина значи да бидеме сите заедно. Поврзани. Да дишеме во еден здив“ - вели Марија Саздева во емотивна исповед. 

marija-sazdeva-so-ispoved-kako-dete-se-raduvav-na-dijagnozata-tumor-samo-togash-bevme-povrzani-so-moite-roditeli-01.jpg

Марија Саздева е познато ТВ лице кое 30 години работела во македонскиот медиумски простор, а сега, како мајка на три деца, е посветена на својата учителска кариера.

Работи како едукатор за родители и наставници од регионот на екс-ЈУ, па токму затоа Инстаграм профилот на кој е препознатлива го води на српски јазик.

Таа на социјалните мрежи често зборува за правилно одгледување и растење емоционално интелигентни деца, па преку курсеви на родителите им помага да го постигнат ова.

Овој пат, Марија си ја отвори душата и преку свој емотивен пример од детството, покажува колку е значајно заедништвото во семејството.

Таа откри дека како дете добила тешка дијагноза, но споделува и зошто била среќна кога истата се повторила.

Иако првично звучи необично и бизарно, нејзината поента е подлабока и е доказ колку на децата им значи присутноста од родителите и малите нешта.

Прочитајте ја објавата во целост:

„Кога имав 9 години, добив тумор на крвните садови.

Но не го памтам тоа по ништо лошо. Еве зошто...

Тешката дијагноза внесе единство.

Моите родители тогаш се соединија заради грижата. Гледаа еден во друг со чувства, како да дишат со ист здив.

А за мене тоа беше призор кој лечи. Беше прекрасно да ги гледам. Заедно.

Се чувствував вистински видена.

Овој пат, не заради пристојност, послушност, петки, постигнувања и туѓи аплаузи, туку како човечко суштество, вредно за внимание со самото тоа што е живо.

По секоја контрола во болница, одевме на бурек.

marija-sazdeva-so-ispoved-kako-dete-se-raduvav-na-dijagnozata-tumor-samo-togash-bevme-povrzani-so-moite-roditeli-02.jpg

Звучи малку? За мене тоа беше празник. Заедничко задоволство за кое не знаев порано.

Моите родители секогаш ги чуваа парите за „црни денови“. А тогаш ја исполнуваа мојата желба да одиме сите заедно.

Една година подоцна, туморот се врати... а јас, чувствував среќа.

Никому ова не сум го кажала. Само се прашував: што не е во ред со мене?

Како може да бидам среќна додека ги гледам загрижени и тажни?

Денес знам!

Единствено во несреќата чувствував што навистина значи да бидеме сите заедно. Поврзани. Да дишеме во еден здив.

marija-sazdeva-so-ispoved-kako-dete-se-raduvav-na-dijagnozata-tumor-samo-togash-bevme-povrzani-so-moite-roditeli-03.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Трогателни пораки од татко до ќерката Надица (17), која загина во пожарот во Кочани: „Гледам во небо... „Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку н...
Исповед на Македонка: „Сопругот ми почина кога имав 29 години, имав 2 мали деца, но се изборив како ... „Да ми кажеше некој дека ќе бидам вдовица пред 30-тата, ќе се насмеев. Но, знаеш...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
Актерката Марија Лазарова му кажа ДА на саканиот, брат ѝ Стефан Лазаров ѝ честиташе: „Вечни да сте“ „Заедно да си остариме и да си се згрбавиме“, напиша Марија на Инстаграм и објав...

Најчитани неделава