Марија Саздева со исповед: „Како дете се радував на дијагнозата тумор - само тогаш бевме поврзани со моите родители“
Фокусот на дијагнозата беше ослободување од секојдневната трка.
Дијагнозата нè натера да престанеме да живееме за да успееме и да почнеме да живееме за да постоиме.
Бидејќи кога стравот ќе го оголи она што е вишок, останува само она што навистина ни е потребно.
Ние. Животот. Заедништвото.
Понекогаш животот нè учи на најважните лекции на најтешките начини.
Дијагнозата како дете ме научи на она на што возрасните често забораваат, дека љубовта е поважна од постигнувањата, а да „бидеме заедно“, за детето е поважно од сè.
Немојте да чекате да ви се случат тешки времиња за да се сетите дека треба да го забавите темпото.

Да ги погледнеме оние кои ги сакаме онака како што би ги гледале кога би знаеле дека времето не е бесконечно.
Ние возрасните, често забораваме: На децата не им треба многу.
Им требаме ние.
Присутни. Со нив.
Во животот, каков и да е“.
М. М. | Црнобело