Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последните моменти од мојата душа и нашите ангели“
А овие видеа од пред палењето… тие ми се и болка и утеха. Болка — затоа што знам што ја чека. Утеха — затоа што ја гледам жива, убава, светла, моја.
Ги гледам тие моменти и ми се чини дека ќе влезам во екранот, дека ќе ја гушнам, дека ќе ја повлечам назад, само да не влезе во тој оган.
Секоја секунда ми е како нож што ме сече, но и како спомен што ме држи — последен доказ дека моето дете постоело со целата своја убавина и добрина.
Тие видеа се мојата последна врата кон неа.
Последен пат кога ја слушам да се смее.
Последен пат кога ја гледам како танцува со чисто срце, без да знае дека тоа е нејзиниот последен танц на овој свет.

Ивонче мое…
Моја светлина…
Мој ангел што го украдоа…
Моето дете што го изгубив во туѓ мрак и туѓи раце…
Моја Ивона.
Мој ангел.
Моја рана и моја сила.
Засекогаш.

Ивонче мое… душо моја…
Ти ветувам, ќерко моја, дека твојот глас нема да згасне.
Твојата приказна ќе ја кажувам гласно.
Твојата светлина ќе ја чувам во себе.
Твојот лик ќе го барам во секој сон, во секој здив, во секоја минута што ќе ја преживеам без тебе.
Овие последни видеа се мојата болка… и мојата вечност.
Последен доказ дека постоеше, дека живееше, дека љубеше…
И дека секогаш ќе бидеш моето дете, моето срце, мојата беспоштедна љубов.

Последните твои видеа се мојата вечна истина. Таму те гледам како играш, како пееш, како живееш. Таму те гледам пред да ти го украдат животот.
Таму го слушам последниот твој глас, ја гледам последната насмевка, последниот чекор — последниот миг кога светот уште имаше смисла.
Моето Ивонче… мојата вечна болка, мојата вечна љубов.
Ти ветувам, ќерко моја, дека додека дишам, твојата приказна ќе ја кажувам. Ти ветувам и за правдата ќе ја истерам ќерко моја.
Ќе ги чувам овие видеа како најсвета и најболна реликвија.
Затоа што тоа е последното што го имам од тебе.
Затоа што ти беше мојот живот… а сега си мојата вечна болка.

Моја Ивона, мој ангел, моја темнина и моја светлина.
Ништо повеќе не боли од тоа кога последните снимки на твоето дете стануваат доказ за неговата последна борба и последниот здив.
Засекогаш.
16.03.2025
НЕПРЕБОЛ

М. М. | Црнобело
