Јелена Спенџарска за зрелоста: „Не одам на настани ако нема каде да седнам, не се оправдувам никому“
Секогаш сакам да си одам дома:
Не е битно колку е добро друштвото или колку е примамливо да останам сакам дома. Сакам да трчам дома за да не правам ништо.
Ми фали мојот кревет. И јас му фалам нему. Зошто сум надвор кога можам да лежам хоризонтално дома?
Најголемата љубовна приказна ми е јас и мојот душек.

Комфорната облека ми е приоритет: Не затоа што одеднаш станав конзервативна или сум во „old-money“ фазата, туку затоа што сакам да ми е удобно без да мислам цело време како изгледам.
Да, понекогаш ќе се дотерам - ама реално? Давај ми широки панталони и меки материјали секој ден.

Да го ставам моето време за себе над сè:
Има некоја посебна убавина во тоа да се изберам себе – да читам книга, да гледам серија, да прошетам, да трчам или само да дишам во тишина.
Повеќе не ми треба причина за да уживам во своето друштво. Да си го чувам времето за себе, значи да ја чувам својата душевна состојба.

Се возбудувам за кујнски работи и мебел: Нов air fryer? Пресреќна. Убав декор на маса?
Им кажувам на сите. Шик мебел? Молам??
Ќе заплачам. Кога станав човек што се радува на тенџериња и украсни работи за дома? Возрасноста баш ме изненади.

Да го ставам телефонот на speaker за секој повик: Се сеќавате кога ги зафркававме нашите затоа што секогаш зборуваа на speaker?
Срам ми е, ама сега ги разбирам. Немам веќе сила да го држам телефонот до уво. И реално, не слушам добро ако не е на speaker.
Станав како нив.

Да сум презадоволна со мојот мал круг:
Не бркам нови пријателства или контакти ако тоа нема реално да ми го подобри животот. Мојот мал круг од семејство и пријатели? Совршен.
Немам енергија да се објаснувам на нови луѓе. Квалитет над квантитет повеќе не е изрека - тоа е преживување.

Станувам алергична на бучава: Гласна, безвезе бучава ми ја нервира душата.
Телевизорот не мора да биде толку гласен. Ја ценам само бучавата што јас самата ја правам.
Исто така? Не ми требаат сите светла запалени.
Давај ми темница и тишина за да си мислам. Кога станав како моите родители??

Се возбудувам кога сите сметки ми се платени: Она, вистински ВОЗБУДЕНА.
Ќе дојдат нови сметки, сигурно… ама во овој момент? Сè е средено. Фала му на Бога! Тој момент кога гледаш дека сè е исплатено, чиста среќа.
Ова е врвот на возрасната радост.

М. М. | Црнобело
