Миа Костова за воспитувањето на синот: „Не сум од оние фините мајки што објаснуваат додека детето дели шамари и демолира“
- Детали
- среда, 26 ноември 2025
„Многу сум слаба на него, многу му допуштам сè, но... се знае кој е мајка кој дете. Мојот збор се слуша“, вели Миа Костова, која одговараше на прашања од своите следбеници на различни теми, а многу од нив беа поврзани со нејзиниот син Андрија.

Миа Костова важи за една од најотворените јавни личности кај нас, која често зборува за својот приватен живот, за своите стравови, битки, но и за убавите работи кои ѝ се случуваат и ја прават среќна.
А токму најубавата работа во животот ѝ е синот Андрија, кој летово наполни 13 години.
Миа често зборува и за него, начинот на кој го растела, воспитувала, за нивните дружења, патувања...

Но, се чини постојат многу работи поврзани со Андрија што ги интересираат нејзините следбеници на Инстаграм, па откако таа им даде можност да ѝ постават прашања за сè што ги интересира, неколкумина ја прашаа токму за нејзиниот син.
Во кои карактеристики/навики, Андрија те потсетува на самата себе?
„Андрија мислам дека ја има наследено мојата среќна ѕвезда. А дека во нешто потсеќа на мене - не забележувам баш“ - вели таа.
Ја прашаа и дали е строга мајка, а таа одговори:
„Многу сум слаба на него, многу му допуштам сè, но... се знае кој е мајка кој дете.
Мојот збор се слуша, културен е, воспитан, точен и тоа е сè што барам од него. Не мора да е одличен ниту најдобар во нешто.
Битно ми е дека сум го воспитала и тоа се гледа веднаш. Mе почитува и ретко ме вади од контакт за да тестираме ‘стогоќа’“.

„Дали Андрија имал изливи на бес како мал, модерно кажано „тантруми“? Доколку да, како се носевте со тоа?“ - е едно од прашањата.
„Се обиде еднаш, ама не му помина кај мене дека тогаш и јас имав тантруми. Шала на страна, мислам дека нема дете што не ги поминало.
Кај нас траеја многу кратко затоа што не сум јас од оние фините мајки што објаснуваат додека детето дели шамари и демолира.
Некогаш ќе ја раскажам приказната ама денес баш немам нерви да ме распнат овие со чување деца по книга и објаснување од типот „развојна фаза у која детето е корисно да го тепа родителот“.

Која мисла те води низ животот?
„Низ животот ме води Андрија и мислата дека не може да не може“.
На колку години сметаш дека созреа и кој совет би го дала на млади девојки?
„Вистински созреав кога го родив Андрија на 27, но... Секогаш сум била побрза од врсниците па може да кажам дека бев зрела и на 20, живеев сама и сама се грижев за себе и многу порано.
Советот е дека без истрајност не се стигнува до целта. Без многу обиди, исто така. Не се срами од никаква работа ако имаш цел. Макар тоа да е да си само самостојна. Господ ги отвора вратите само мора да станеш да тропнеш“.

Миа ја прашаа и дали е заљубена, но и дали би се омажила, а таа одговори:
„И се омажив и се разведов, за овој живот сосема доволно да сум во совршена хармонија со себе и чувствата што ги делам“.

А. Ј. | Црнобело