Ново телевизиско шоу во Македонија - „Вечер по 8 со Миро“ на Алфа телевизија

Телевизискиот простор во Македонија добива свежина, динамика и ново вечерно ТВ искуство со стартот на шоуто „Вечер по 8 со Миро“, кое од 27 ноември, односно вечерва, ќе се емитува секој четврток во 20:30 часот на Алфа телевизија.

novo-televizisko-shou-vo-makedonija-vecher-po-8-so-miro-na-alfa-televizija-010.jpg

Во центарот на емисијата стои харизмата и препознатливиот стил на Миро, кој на публиката ѝ носи комбинација од искрени разговори, актуелни теми и уникатен хумор. „Вечер по 8 со Миро“ ја поставува целта да создаде различна, поблиска и посуштинска комуникација со гледачите, преку формат кој истовремено забавува, провоцира и отвора важни прашања.

„Со големо нетрпение ја започнуваме оваа нова приказна. Сакам публиката да ја почувствува искреноста, енергијата и духот што го вложивме во „Вечер по 8“.

Ова е емисија каде ќе зборуваме отворено, ќе се смееме, ќе провоцираме и ќе создадеме незаборавни моменти. Благодарен сум на целиот тим и на сите партнери што веруваат во мене и во овој проект“. - вели Миро.

novo-televizisko-shou-vo-makedonija-vecher-po-8-so-miro-na-alfa-televizija-02.JPG

Дополнителен печат на емисијата ја даваат ЛИБЕРО, еден од најдобрите македонски бендови, кои ќе бидат дел од секоја епизода. Со својот препознатлив звук, тие ќе создаваат атмосфера која ја носи приказната, ја гради емоцијата и ја подигнува динамиката на шоуто.

Емисијата ќе содржи интересни рубрики, директни прашања, искрени реакции и гости од различни сфери – музика, јавен живот, спорт, бизнис, култура. „Вечер по 8 со Миро“ доаѓа со идеја да биде место каде разговорите се реални, темите се блиски до народот, а забавата е гарантирана.

novo-televizisko-shou-vo-makedonija-vecher-po-8-so-miro-na-alfa-televizija-01.jpeg

Со моќна продукција, силен тим зад сцената и поддршка од одговорни компании и партнери, ова ново вечерно шоу ветува да стане едно од најгледаните ТВ содржини.

„Вечер по 8 со Миро“ - секој четврток во 20:30 на Алфа телевизија.

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
„Не беше лесно, но вреди“ - Миро Кацаров ужива дома со синот кој наполни 6 месеци и ќерката на сопру... „Не беше секогаш лесно, но секој момент вредеше за оваа љубов“, напишаа Ивана и ...

Најчитани неделава