Александар Динев и Евче на Тајланд - Ја храни со октопод, носат традиционална носија, се бакнуваат заљубено
- Детали
- петок, 28 ноември 2025
„Ау луѓе, што беше ова? Уште го чувствувам вкусот, а само го допре мојот јазик. Кога си гладен бирај безбедна варијанта, земи си пилешко“ - вели Ева, која доби нагон на лошење кога го проба октоподот.

Инфлуенсерите Александар Динев и Ева Јовановска - Евче, се на патување на Тајланд.

Тие се само два дена во азискиот бисер, а сепак посетија еден од храмовите кои се препознатливи за земјата, а се облекоа и во традиционална тајландска облека.

Таму, гледаа и како се менува гардата пред храмот, удираа на гонг, и додека танцуваа пред храмот се бакнуваа заљубено.

На патувањето со Александар и Евче се и Илариа Кирилов и Викторија Лоба, па тие поминаа малку време заедно - се фотографираа, се прошетаа, а потоа седнаа и на вечера.

Бирајќи што ќе јадат, Евче објави видео од печен крокодил на ражен и ги праша своите следбеници дали да проба, додека Александар се реши за октопод и се пофали дека првпат пробува ваков специјалитет.

Сепак, октоподот не му се допадна, а на видеото што го сподели на Инстаграм Стори вели дека се мачи да го изџвака и на крајот се откажа.

Сепак им даде на Илариа и Евче да пробаат, а двете во истиот момент кога го вкусија октоподот, добија нагон на лошење и го плукнаа.

„Ау луѓе, што беше ова? Уште го чувствувам вкусот, а само го допре мојот јазик. Кога си гладен бирај безбедна варијанта, земи си пилешко“ - вели Ева.

Кликнете да го погледнете видеото од посетата на храмот:
Повеќе фотографии:


